audio

Епизода #20: Зошто скоро сите имаат погрешно сфаќање на бизнисот

Стигнавме до дваесетата епизода на “претприемачки пат” на тема која се однесува за едно клучно прашање за секој претприемач, а тоа е зошто скоро сите имаат погрешно сфаќање на бизнисот.

Претприемачки пат

Насловот ”зошто скоро сите имаат погрешно сфаќање на бизнисот” можеби е преопшт, но сепак онаа што го дискутирам во оваа епизода обезбедува повеќе oд 90% од одговорот на прашањето. Иако секогаш можеме останатите 10% да ги дискутираме со уште стотици или илјадници одговори, но прашањето е дали се важни за нас токму во овој момент.

Кликни за слушање

За што станува збор во оваа епизода на претприемачки пат?

Едноставно за суштината на бизнисот. Не станува збор за маркетинг експертиза, не станува збор за продажни тактики, не станува збор за менаџмент, не станува збор за технички вештини на „бизнисменување”, туку ќе станува збор за еден чадор, една рамка која ќе треба да го промени начинот на кој вие како еден сегашен или иден претприемач ќе го сфаќате бизнисот и неговот функционирање, но и вашата улога во него. Всушност во оваа епизода зборувам за темелите на еден концепт кој го разработувам веќе повеќе од пет години, кој досега воопшто не сум го зборувал јавно, освен што сум го имплементирал кај клиенти.

Со помош на оваа епизода ќе знаете:

  • Дека пред стартап фазата постојат уште две фази.
  • Дека постои разлика помеѓу “занаетчија” и претприемач.
  • Дека вашата задача е да креирате потенцијална енергија но и да обезбедите соодветен трансфер на истата во бизнис кинетичка енергија.
  • Дека имате три важни улоги во вашиот бизнис.
  • Дека различна фаза од развојот на вашиот бизнис ќе бара различно нагласување на соодветна улога.

Најава за онаа што следува

Следниот подкаст ќе биде на тема “10 основни елементи со бизнис потенцијална енергија” во кој ќе зборувам десет од неколку стотици можни елементи, односно ентитети кои имаат, може да имаат и треба да имаат складирано бизнис потенцијална енергија. Доколку имате прашања за оваа тема, можете да оставите гласовна порака на подкаст прашања или да напишете прашање преку контакт формата.

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*