audio

Епизода #24: „Да направам” листа која ќе гарантира успешност

Се наоѓаме во дваесет и четвртата епизода на “претприемачки пат” во која станува збор за една тема поврзана со продуктивноста, односно алатката за обезбедување на продуктивност – “да направам” листа.

Претприемачки пат

Со оваа епизода на “претприемачки пат” малку ќе се тргнеме од темата на годината, иновациите и ќе се префрлиме на продуктивноста. Не верувам дека постои некој кој не користел, користи или пак нема да користи во иднина одреден вид на „да направам” листа со цел да ја зголеми сопствената продуктивност, да остане фокусиран на онаа што го прави и да обезбеди дека се што е планирано ќе биде и завршено. Проблемот не е со самата алатка без разлика дали станува збор за ливче со цртички за се онаа што треба да направите или пак за некоја мобилна апликација или веб сервис за истата намена. Проблемот е со содржината на тоа ливче или било која друга алатка која ја користите. Бидејќи содржината е проблематична, тогаш проблемот е кај вас, затоа што едноставно вие ја креирате содржината, а не некој друг или самата апликација.

Кликни за слушање

Преку слушањето на оваа епизода на претприемачки пат ќе:

  • Дознаете како да ги распределите задачите на неколку важни листи поврзани со вашата продуктивност.
  • Дознаете што влијае на тоа која задача да влезе на “да направам” листа, а која на останатите листи.
  • Дознаете како да го користите Парето принципот или 80/20 правилото за да обезбедите повеќе време за вас како еден претприемач.

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука (следува) доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

Најава за онаа што следува

Следната епизода ќе биде на тема “Тестирање на претпоставки и стапици кои ќе треба да ги одбегнете” во која ќе се вратиме на темата иновации, но и стартапи и која ќе се однесува на некои стратегии кои ќе треба да ги примените за да ги избегнете потенцијалните стапици кои водат до погрешни сознанија од тестирањето. Доколку имате прашања за оваа следна тема, можете да оставите гласовна порака на прашања за подкаст.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*