post

Факс – Маркетинг Средство 48

Не е важно како јас сакам или пак сметам, туку важно е дека факсот сеуште е едно од главните средства за комуникација помеѓу бизнисите. Не сакав и факсот да биде дел од овие маркетинг средства но едноставно гледајќи ја реалноста околу мене сметaм дека не смееме да го изоставиме.

Факс Како Маркетинг средство

Реална случка

Ќе ви презентирам една реална случка.

Пред три години кога започнував еден бизнис започнав со контактирање на можни снабдувачи и едноставно целта ми беше да направам база на податоци со тие снабдувачи во однос на тоа со кои производи можат да ме снабдуваат и секако контакт. За контактот инсистирав да ми дадат e-mail бидејќи сакав да ги скратам трошоците за контакт преку телефон. Но, што се случи? Скоро 90% од сите што ги контактирав преку телефон ми кажаа дека можам преку факс да ги правам нарачките. Тоа за тој почеток беше непотребен трошок.

И добро некако истуркав со некои преку телефон, со некои преку е-mail и секако се појави Facebook па и тој можеше да се користи за едноставна комуникација со снабдувачите. Во тој бизнис веќе не сум премногу ангажиран бидејќи целта ми беше да ги поставам темелите и да започнм со нешто друго.

Пред 6-7 месеци повторно исто со друг бизнис. За добивање на барање за понуда требаше факс. За праќање на понуда повторно требаше факс. Веќе мораше да се набави факс за да може да се функционира онака како функционираат другите.

Мислам дека пишував за тоа кога ми сејавија од една компанија која се занимава со веб дизајнирање и бараа да им дадам факс за да ми испратат понуда. Тогаш си кажав Господе, овие се занимаваат со дизајнирање на веб страни а комуницираат преку факс. Но, тоа е нашата реалност иако сметам дека работите малку се придвижија нанапред бидејќи пред 3-4 години кога ќе побарав mail за комуникација луѓето со страв ме гледаа.

Понекогаш работите не можеме да ги измениме онака како што сакаме, туку ќе мора да се прилагодиме, па затоа и факсот е неизоставен дел за комуникација особено за B2B бизнисите и особено за овој нашиов регион.

Препораки за користење на факс како маркетинг средство

За факс како маркетинг средство немам што многу да презентирам, туку едноставно ако веќе имаме и ако веќе знаеме дека нашите потенцијални клиенти го имаат и користат и ние ќе треба да го користиме.

Еве некои препораки:

  • Имај лого на секој документ кој ќе го праќаш по факс. Истакнувај го брендот преко логото на документите кои ќе ги испраќаш. Едноставно во MS Word направи темплејт кој ќе го користиш. Повеќе за тоа зошто Вашиот бизнис има потреба од добро лого прочитајте во 6 причини зошто Вашиот бизнис има потреба од добро лого.
  • Користи име и слоган веднаш до логото. Името и слоганот заедно со логото претставува идентитет на Вашиот бизнис и на Вашиот бренд. Колко почесто луѓето го гледаат толку попрепознатливи ќе бидете.
  • Адреса и контакт детали. Секој документ нека има адреса и контакт детали кога некој ќе сака да ве контактира.
  • Повик за акција (Call to Action). Со овој елемент Вашиот факс документ од еден пасивен документ станува вистинско проактивно маркетинг средство. Едноставно кажете им на луѓето што сакате тие да направат за Вас. На пример, нарачајте во следниве 24 часа за да добиете тоа и тоа.
  • Бележете ги активностите за користење на факсот како маркетинг средство. За ова може да ви помогне темплејтот база на податоци со потенцијални и тековни потрошувачи како еден од 10-те бизнис темплејти на претприемач.
  • Подобрувајте. И секако на крај постојано подобрувајте ги активностите. Следете што дава најголеми резултати за која група на потрошувачи. Правете различни обиди, елиминирајте ги грешките, она што е успешно користетет го и понатаму.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*