post

Фаза елиминација од животниот циклус на производите

Животни циклуси на производи

Животни циклуси на производи

Фазата елиминација е последна фаза од животниот циклус на производите. Досега го поминавме развојот на новиот производ и секако го воведовме на пазарот со отпочнување на официјалната продажба по што влеговме во фазата на раст и зрелост, за потоа да дојде во фазата стагнација која едноставно претставува продолжување на зрелоста по која едноставно започна фазата опаѓање од животниот циклус на производи која всушност претставуваше првиот знак дека треба да се подготвуваме за оваа фаза – елиминација на тој производ.

Важност од елиминирање на производот

Иако оваа фаза изгледа како крај на една успешна (се надевам) приказна и едноставно укинување на нешто што досега постоело сепак треба со особено внимание да се пристапи и кон неа бидејќи не е за потценување и погрешни чекори (премногу оддолжување) може да доведе до големи проблеми за бизнисот.

Ќе се обидам да наведам неколку елементи кои ја прикажуваат важноста од донесување на навремена одлука:

  • Влијание на финансиите на бизнисот. Вложувања во производ кој е слабо профитабилен ќе ги оттргнува финансиските средства за развој на нови производи или инвестирања во оние кои во моментов се подобри или имаат поголем потенцијал.
  • Влијание на маркетингот. Премногу производи ги реалоцираат маркетинг ресурсите и на производи за кои не вреди да се трошат тие ресурси. Времето на производот во оваа фаза едноставно изминало. Реалноста е таа. Насочете ги ресурсите на профитабилните производи.
  • Влијание на менаџментот. Наместо да се насочи целокупниот менаџерски тим на нови и постоечките профитабилни производи голем дел од нивното внимание ќе се насочува на решавање на проблеми со производот кој е веќе во оваа фаза од животниот циклус.

Процес на елиминација на еден производ

Како еден процес за елиминација на еден производ кој ќе обезбеди донесување на навремена одлука би бил нешто како следново:

  • Следење и анализа на производите и нивните животни циклуси.
  • Избор на соодветните кандидати на производи за елиминација.
  • Бреинсторминг и евалуација на идеи за алтернативни решенија за елиминација.
  • Донесување на одлука.
  • Имплементација на одлука.

Зошто еден производ доаѓа во оваа фаза?

Времето си носи свои нови потреби. Како некои од основните причини што еден производ доаѓа во оваа фаза би ги издвоил следниве:

  • Слаб интерес на пазарот за еден таков производ и слаб потенцијал за иден интерес.
  • Слаба продажба на производот.
  • Слаба профитабилност на производот.
  • Слаб квалитет на производот.
  • Стратешки причини – имплементација на програми за редукција на производниот програм, спојувања на неколку компании во една…
  • Оперативни причини – недостаток на потребни суровини, производствени проблеми…
  • Конкуренција навлегува со нов производ
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*