post

100+ Идеи за подобрување на вашиот бизнис

Подобрувањата се можни насекаде околу вас и особено доколку сте претприемач, тоа е вашата примарна работа во вашата компанија.

идеи за подобрување

Ќе работите на подобрување на вашите производи и услуги, на подобрување на вашите системи и процеси, на подобрување на разни елементи кои ќе треба да бидат подобрени… Но, често пати забележувам дека претприемачите едноставно заглавуваат бидејќи не знаат од каде да започнат со нивните напори во однос на подобрување.

Тука сакам да споделам една поедноставена листа на повеќе од 100 идеи за можни подобрувања кои ќе ви овозможат да започнете со подобрување на вашата компанија уште денес.

102 идеи за подобрување

  1. Подобрете ја вредноста што вашата компанија ја испорачува на купувачите.
  2. Подобрете ја ефикасноста и ефективноста на процесот на креирање на таа вредност.
  3. Додадете дополнителна вредноста на вашата иницијална понуда.
  4. Направете ја вашата понуда да биде навистина неодолива понуда.
  5. Обидете се да имплементирате различни стратегии за испорака на повеќе од онаа што сте го ветиле дека ќе го испорачувате.
  6. Зголемете ја довербата што вашите купувачи ја имаат во вас и вашиот бизнис.
  7. Вклучете ги вашите купувачи во процесот на креирање на вредноста.
  8. Подобрете ги системите кои ги користите за слушање на вашите купувачи.
  9. Подобрете го вашето знаење во однос на емоциите на купувачите.
  10. Подобрете го разбирањето за вистинските потреби на купувачите.
  11. Подобрете го процесот на испорака како би станал поефикасен и трошочно ефективен.
  12. Имплементирајте различни алтернативи на испорака кои ќе им овозможат на вашите купувачи да изберат една која е најсоодветна за нив.
  13. Изградете навистина препознатливо севкупно искуство на купувачите во вашиот бизнис.
  14. Работете на претворање на лошо искуство на купувачите во одлично што значи дека секогаш кога некој од вашите купувачи ќе има непријатно искуство со вашата компанија вие ќе работите на подобрувања.
  15. Подобрете го нивото на задоволство на купувачите.
  16. Работете на подобрување на поддршката за купувачите.
  17. Подобрете ја вашата севкупна понуда.
  18. Редизајнирајте го вашиот маркетинг процес во вашиот мал бизнис бидејќи тука ќе има секогаш простор за подобрување.
  19. Градете и работете на подобрување на вашите сопствени и на вашиот тим навики за вмрежување.
  20. Креирајте и работете на подобрувања по имплементација на вашата стратегија за маркетинг со содржина.
  21. Подобрете ги вашите навики за блогирање и започнете со почесто креирање на содржина за вашиот бизнис блог.
  22. Подобрете го дизајнот на вашиот блог.
  23. Започнете со креирање на навистина одлична содржина на вашиот бизнис блог.
  24. Започнете со градење на односи со читателите на вашиот бизнис блог.
  25. Користете аналитика за да го пронајдете интересот на вашите читатели и да го подобрите вашиот процес на бизнис блогирање.
  26. Мерете ги сите ваши маркетинг активности и подобрувајте ги сите ваши напори базирајќи се на резултатите од остварентите перформанси.
  27. Подобрете ги вашите вештини за презентирање и потоа осигурајте се дека членовите на вашиот тим исто така ќе работат на подобрување на нивните презентациски вештини.
  28. Подобрете ги вашите напори за социјален маркетинг.
  29. Започнете со мерење на перформансите на сите канали на социјални медиуми кои ги корисите за вашиот мал бизнис и имплементирајте континуирано подобрување кое ќе биде во согласност со резултатите од мерењето.
  30. Подобрете ги вашите маркетинг пораки и осигурајте се дека тие ќе пристигнат кај вистинската личност.
  31. Подобрете го вашиот процес на истражување на конкуренцијата.
  32. Подобрете го процесот кој го користите во креирање и градење на заедница околу вашиот бизнис.
  33. Изградете посилни односи со вашата заендица.
  34. Секогаш бидете во близина на вашата заедница.
  35. Подобрете го знаењето на вашиот продажен тим.
  36. Подобрете го продажнито процес земајќи во предвид намалување на чекори кои ги има од купувачка перспектива.
  37. Подобрете ја ефикасноста и ефективноста на вашата продажна инка.
  38. Подобрете ги сите ваши напори во однос на поголема продажба на тековните купувачи.
  39. Подобрете ги вашите и на вашиот тим преговарачки вештини.
  40. Се што претставува притисок врз вашите купувачи отфрлете го како опција од вашиот бизнис.
  41. Работете на кастрење на непродуктивните трошоци.
  42. Имплементирајте различни “зелени” решенија.
  43. Користете “зелена” технологија во вашиот бизнис.
  44. Имплементирајте безхартиени решенија во вашиот бизнис.
  45. Направете ја вашата компанија еколошки свесна компанија.
  46. Подобрете ги финансиските перформанси на вашата компанија.
  47. Работете на вашето сопствено самоподобрување.
  48. Подобрете го вашиот бизнис модел така за да биде поефикасен.
  49. Променете ги ценовните стратегии.
  50. Променете ги тековните текови на приходи.
  51. Додадете повеќе текови на приходи во вашиот бизнис.
  52. Подобрете го вашиот севкупен модел на приходи.
  53. Оптимизирајте ги сите елементи за да ја подобрите профитабилноста на вашиот бизнис.
  54. Започнете да наплатувате за вредноста која ја испорачувате а не за покривање на трошоците кои ги правите.
  55. Секогаш кога нема да успеете, тоа е одлична можност за подобрување.
  56. Излистајте ги сите проблеми во вашиот бизнис и направете распоред за работа на решенија едно по едно, од најголемиот приоритет до најмалиот приоритет.
  57. Променете ја вашата стратегија.
  58. Променете ја и подобрете ја вашата организациска структура.
  59. Отстранете ги сите одвлекувачи на внимание околу вас кога работите на најважните задачи во вашиот бизнис.
  60. Подобрете ја вашата “да направам” листа за најефикасен начин на вршење на работите во вашиот бизнис.
  61. Распоредете специфично време за читање и одговарање на епошта.
  62. Намалете го сето ваше време кое не додава вредност.
  63. Намалете ја потребата од користење на состаноци за се и сешто во вашиот бизнис.
  64. Доколку навистина треба да организирате состанок, направете ги колку што може пократки.
  65. Секогаш следете ја имплементацијата на заклучоците и препораките од состаноците.
  66. Подобрете ја севкупната продуктивност во вашиот бизнис.
  67. Започнете со практицирање на лидерство во вашиот бизнис.
  68. Подобрете ги вашите лидерски вештини.
  69. Започнете со делегирање на некои задачи и подобрете го процесот на делегирање.
  70. Подобрете ја продуктивноста на вашите вработени.
  71. Изградете системи кои ќе ви овозможат да ги мерите перформансите на вашите вработени.
  72. Работете на оптимизација на сите ваши системи за да обезбедите колку што може поголема продуктивност.
  73. Започнете со правење на нешто, бидејќи само кога правите нешто веќе подобрувате нешто во вашиот бизнис.
  74. Започнете со аутсурсинг на несуштински бизнис активности.
  75. Завршете ги сите ваши до половина завршени проекти или едноставно прекинете ги во целост.
  76. Поттикнете тимска работа во вашиот бизнис.
  77. Подобрете го начинот на кој членовите на вашиот тим работат заедно.
  78. Изградете поефикасен систем на контрола во вашиот бизнис.
  79. Зголемете ги мотивациските фактори во вашата компанија.
  80. Наградете ги сите иницијатори на подобрувања.
  81. Поттикнете ги вработените да даваат иницијативи за промени без никаков страв.
  82. Справувајте се со можниот отпор кон промени на најефикасен начин.
  83. Инспирирајте ги вашите вработени за да на најдобар можен начин си ја завршуваат сопствената работа.
  84. Имплементирајте стратегии за учење на сите нивоа во вашиот бизнис.
  85. Изградете ваша и на вашите вработени дисциплина за извршување на работата.
  86. Имплементирајте нова технологија во вашиот бизнис.
  87. Направете го вашиот бизнис модебиле колку што можете повеќе.
  88. Намалете го нивото на залихи.
  89. Подобрете го менаџментот со залихите во вашиот бизнис.
  90. Започнете со имплементација на облак технологии во вашиот бизнис.
  91. Обидете се да додадете виртуелизација во колку што може повеќе елементи во вашата компанија.
  92. Дефинирајте прецизно што значи успехот за вас и започнете да работите на остварувањето.
  93. Користете самокритика доколку сакате да го подобрите вашиот бизнис.
  94. Користете книга со бизнис идеи заради подобро менаџирање на сите ваши идеи.
  95. Спроведете анализа на ризикот за вашата компанија и работете на имплементација на стратегии за да се справувате со различниот ризик околу вас.
  96. Искористувајте ги различните можности околу вас и вашиот мал бизнис.
  97. Гледајте ги работите околу вас онака како што тие навистина се и ќе видите многу потреби за подобрувања.
  98. Обезбедете секој во вашата компанија да биде одговорен за работата која ја изведува.
  99. Барајте разни трендови внатре во и надвор од вашиот бизнис.
  100. Подобрете го процесот на донесување на одлуки кој го користите.
  101. Подобрете го процесот на донесување на одлуки во целата компанија за да го избегнете бирократското однесување.
  102. Следете го и менувајте го вашиот бизнис план онака како што го имплементирате.

Прашање: Дали би додале уште нешто во листата? Знам дека имам уште илјадници идеи кои ми се моткаат низ главата. Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*