post

Имплементација наспроти донесување на одлука

Овој краток напис е инспирација од еден цитат на Guy Kawasaki кој Dharmesh Shah еден од авторите на една од најпродаваните книги за маркетинг на Amazon (Inbound Marketing) го твитна денес.

Овој цитат вели:

Тежок дел е имплементацијата на одлуката, а не донесувањето.

Доколку по фази го разгледуваме донесувањето на одлуки, односно доколку тргнеме од самиот проблем кој претставува основа на потреба од некоја одлука овој цитат ќе изгледа нелогичен.

Зошто е тоа така?

Еве го процесот на донесување на одлуки низ фази во вид на пред донесување на одлука и по донесување на одлука:

  1. Откривање на постоење на проблем.
  2. Анализа на проблемот.
  3. Дефинирање на можни решенија на проблемот.
  4. Анализа и оценка на можните решенија.
  5. Избор на најдобро решение (одлука).
  6. Примена на решението.
  7. Контрола на имплементација на решението.

Од овие 7 фази првите 5 се однесуваат на процесот на донесување на одлука додека последните две (6 и 7) на имплементација на веќе донесената одлука. Па, како тогаш согласно цитатот имплементацијата (има 2 фази) е потешка од самото донесување на одлука (има 5 фази)?

Првите 5 фази зависат од нас самите. Го откриваме проблемот, го анализираме, предлагаме решенија и го избираме најдоброто решение. Но, имплементацијата не зависи од самите нас. На пример, менаџерите или пак претприемачите донесуваат одлуки но истите се имплементираат од страна на други луѓе – вработени. Доколку тие не го имплементираат Вашето решение онака како што Вие сте го замислиле целиот процес на донесување на одлука е залуден.

Секаде каде што имплементацијата е во рацете на оние кои не одлучуваат за тоа решение ќе биде потешка.

Од друга страна имплементацијата е веќе практична работа или превземање на вистинска акција која е и прва претприемничка особина. Лесно е нешто да се испланира на хартија, но тешко е да се спроведе во пракса. Многу добри одлуки кои остануваат на хартија едноставно се никакви или некорисни одлуки. Затоа, колку и да е тешка имплементацијата доколку сте донеле одлука имплементирајте ја.

Значи вака гледано имплементацијата е составена од 2 фази, но во составот на тие фази има повеќе подфази, на пример:

  1. План на имплементација
  2. Конкретни активности на имплементација
  3. Одговорности
  4. Мерни индикатори
  5. Спроведување на активности
  6. Следење на спроведените активности
  7. Споредба на реалноста со мерните индикатори.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Донесување на одлуки претставуваат секојдневна активност на еден претприемач. Дали се тоа добри или лоши одлуки, дали е тоа одлука за да не се донесе одлука (нулта одлука) или пак нешто друго постои една карактеристика – временска рамка помеѓу донесување на одлука и имплементација на истата. […]

  2. […] одговорна задача, бидејќи од квалитетот на донесените одлуки ќе зависи понатамошно работење на компанијата, а […]

Напиши одговор на Стратегиски менаџмент | Претприемач Откажи одговор

*