post

iPad и неколку корисни апликации за продуктивност

iPad

iPad

Пред скоро месец дена дојдов до еден iPad за кој се мислев подолго време дали вреди инвестицијата и одлучив дека ќе вреди. Помина извесен период и сакам преку овој пост да споделам неколку информации за апликации кои сметам дека ќе бидат корисни за претприемачите.

Ова е прв пост од серијалот на постови за iPad во кој ќе опфатам неколку апликации за продуктивност. Следуваат постови за канцелариски (Office) апликации, блогирање, социјални медиуми, книги, податоци и читање.

Пред да започнам со апликациите би најавил и дека ќе се обидам во наредниот период секоја од овие апликации ги презентирам преку едно видео за практично користење на истите.

  • iThoughtsHD е корисна аплиакција за креирање на mindmap која освен за iPhone ја купив и верзијата за iPad. Секојдневно секоја идеја ја претворам во една таква мапа која што ми овозможува поголема организираност и секако продуктивност за реализација. Апликацијата е 9,99$.

iThoughts за iPad

iThoughts за iPad

Evernote за iPad

Evernote за iPad

  • Things е последната и сега засега конечната апликација која се однесува на организирање на работни активности за секој ден во една To-Do листа. Она што најмногу ми се допадна е што се можам да организирам во вид на проекти и да доделам рок на завршување на активностите кои го сочинуваат секој проект. Интегриран е и со некои други апликации кои едноставно го олеснуваат животот. Апликацијата е поскапа од некој просек околу 20$ но вреди во секој случај. Единствено нешто што не ми се допаѓа е што не синхронизира помеѓу iPhone и iPad. Но на сајтот на дизајнерите стои дека во наредната верзија е планирано да се имплементира оваа интеграција.

Things за iPad

Things за iPad

  • TextExpander е апликација што од летото 2010 година ја користам на iPhone и е нешто што навистина го олеснува животот. За првпат започнав да ја користам вистински кога за еден состанок кога требаше д фаќам белешки заради подготовка на извештај внесов повеќе кратенки за зборови кои во работата ги користевме. Па така наместо да го впишувам целиотзбор или реченица со внесување на три букви зборот или реченицата се внесуваа автоматски. Подоцна забележав дека и други апликации имаат интеграција со оваа особено Twitter клиентите. Апликацијата е 4,99$, но со едно купување е функционална и за iPad и за iPhone.

TextExpander за iPad

TextExpander за iPad

  • OmniGraffle е најскапата апликација која сум ја купил, но се покажа како доста добра инвестиција. Барем за син ми кој сака да си игра со оваа апликација. Првенствено ја зедов заради изработка на докторска дисертација особено во делот на дијаграми. Освен за дијаграми најдов корисност и за скицирање на некои идеи од кои може нешто да произлезе во иднина. Како да имате парче хартија пред вас и слободно можете да си шарката и кога ќе дојде време скицата да ја направите во попрофи форма. Апликацијата е 49,99$.

OmniGraffle за iPad

OmniGraffle за iPad

Продолжува со:

  • канцелариски апликации
  • апликации за блогирање,
  • апликации за социјални медиуми,
  • апликации за книги,
  • апликации за манипулација со податоци и
  • апликации за читање.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] во целите на твојот бизнис. Претходно стана збор за апликации за продуктивност и во овој пост ќе опфатам неколку апликации за […]

  2. […] еден претприемач. Во изминатите две недели опфативме апликации за продуктивност и канцелариски (office) апликации. Со овој пост ќе […]

Speak Your Mind

*