post

iPad и неколку корисни канцелариски (Office) апликации

iPad Office Апликации

iPad Office Апликации

Ќе продолжиме со серијалт најавени постови за iPad и апликации кои можете да ги користите како еден претприемач во целите на твојот бизнис. Претходно стана збор за апликации за продуктивност и во овој пост ќе опфатам неколку апликации за канцелариска работа (Office апликации).

Повторно би најавил дека за сите овие апликации во фаза е изработка на видео презентација со што полесно би ги увиделе можностите на истите.

Па, да започнеме со овие апликации:

  • Pages е првата апликација која ќе ја споменам во оваа категорија на апликации. Тоа е апликација на Apple која го менува MS Word, што значи дека претставува комплетно решение на апликација за обработка на текстуални документи во комбинација со слики, табели или се она што вообичаено го правите се MS Word. Функционалноста и дизајнот претставуваат вистинско волшебство што не изненадува кога станува збор за Apple. Изработените докуманти може да се експортираат во PDF, DOC и PAGES. Експортираните документи може да се пратат преку email, iWork, iTunes, iDisk и WebDAV. Апликацијата чини 9,99$.

Pages за iPad

Pages за iPad

  • Keynote е уште една апликација од семејството на Office апликација на Apple која претставува одговор на MS Power Point, што значи за изработка на презентации. Првично бев скептик за оваа апликација за тоа дали ќе ми вреди и дали ќе има примена во мојата секојдневна работа. Но, откако започнав да ја користам за некои презентации кои ги изработував во изминатиов период успеав овеќекратно да ја зголемам мојата продуктивност и секако креативност. Сепак изработка на презентација претставува и креативна работа. Се чувствувам како секогаш да имам покрај мене апликација за презентација и без разлика каде и да сум едноставно секоја идеја можам да ја претворам во интересна презентација. Изработените презентации може да се експортираат во PDF, PPT и KEYNOTE. Експортираните документи може да се пратат преку email, iWork, iTunes, iDisk и WebDAV. Апликацијата чини 9,99$.

Keynotes за iPad

Keynotes за iPad

  • Numbersе уште една апликација од семејството на Office апликација на Apple која претставува одговор на MS Excel, што значи за изработка и работа со табели. Оваа е последнта апликација за која се одлучив за да ја користам. Она што најмногу ми се допадна е лесна изработка на форми и користење на истите како една мини база на податоци во разни ситуации во кои можете да се најдете. Ги има поголемиот дел од функциите кои се во MS Excel и лесно се користат (она од што најмногу стравував).  Изработените табели може да се експортираат во PDF, XLS и NUMBERS. Експортираните документи може да се пратат преку email, iWork, iTunes, iDisk и WebDAV. Апликацијата чини 9,99$.

    Numbers за iPad

    Numbers за iPad

  • PDF Reader PRO е навистина корисна апликација кога станува збор за iPad и читање и обрботка на iPad документи. Мојот печатач веќе не мора да принта на хартија секакви PDF документи бидејќи лесно преку оваа апликација може да се прочитаат истите. По пробување на неколку бесплтни пликации се одлучив за оваа и не се разочарав. Секој PDF документ може да се чита како книга и што е најважно може да се додаваат забелешки, да се подвлекува и да се допишува. Апликацијата чини 9,99$.

PDF Reader PRO за iPad

PDF Reader PRO за iPad

Продолжува со:

  • апликации за блогирање,
  • апликации за социјални медиуми,
  • апликации за книги,
  • апликации за манипулација со податоци и
  • апликации за читање.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*