post

Истражување: 28% од работната недела на епошта

Досега знаев дека поминувам доста време во читање, праќање и средување на епоштата, но никогаш не сум размислувал колку тоа време влегува процентуално во севкупното работно време.

Проучувајќи голем број на системи за зголемување на продуктивноста во последниве неколку години, ми беше чудно што скоро сите тие системи го имаа инкорпорирано и процесот на читање и одговарање на епошта. Но, полека сфаќав дека и мене тие активности ми одземаат доста време, а според некои мои проценки продуктивното време од тоа време е некаде од 10-20%.

Едно истражување на McKinsey Global Institute објавено во Јули оваа година и насловено како “Социјална економија” вели дека вработените кои имаат одредена интерактивна работа (а дали денес постои неинтерактивна работа) 28% од нивната работна недела читаат и одговараат на епошта.

Ако имаме 40 часа работна недела, согласно овој процент излегува дека над 11 часа поминуваме пред нашата епошта. Можеби некој ќе каже нема шанса, но сигурно некој ќе каже и дека поминува уште повеќе време.

Истражувањето не е во однос на епошата, туку се однесува на користење на социјални технологии од страна на компании во однос на некои секојдневни активности, а посебно во делот на комуникациите, споделување на знаење и соработка низ самата организација како надополнување на вообичаените активности (поврзување со потенцијални купувачи, прибирање на информации за развој на нов производ, маркетинг и помош на купувачите).

Од друга страна, проценките на McKinsey Global Institute се дека со целосна имплементација на социјалните технологии ќе успеат да ја зголемат продуктивноста за 20-25%, додека во однос на читање и одговарање на епошта зголемувањето на продуктивноста би било од 25-30%.

За оваа цел ќе бидат потребни крупни промени во сегашните организации преку структурата, процесите, но и културата која сепак е нешто најтешко да се промени. Но, предизвикот е голем, особено поради фактот што социјалните технологии сеуште од поголем број на менаџери се разгледуваат како нешто што ја намалува, наместо да ја зголемува продуктивноста.

Сепак овие технологии само што започнаа да се појавуваат и ние само што започнуваме да навлегуваме во пронаоѓање на различни начини на нивно користење.

Во секој случај оваа анализа содржи доста корисни информации и насоки каде би можеле да се движиме во иднината барајќи соодветни подобрувања на сите организациски процеси.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*