post

Истражување на пазарот: прашања кои треба да си ги поставите

Не треба да навлегувам во значењето или важноста на истражување на пазарот за вашиот бизнис и вас како сегашен или пак иден претприемач.

Многу одлуки ќе се базираат или треба да се базираат токму на оваа истражување. Колку подобри информации соберете, толку подобро истражување ќе имате и толку подобри одлуки ќе донесете за вашиот бизнис.

Во овој наслов сакам да нафрлам повеќе прашања (поточно 42 прашања) на кои ќе треба да дадете одговор при спроведување на истражување на пазарот, сепак овие прашања се само како помош при спроведување на вашата аналза и истражување бидејќи тие не се конечни, секогаш ќе има можност за уште прашања.

  1. Како се нарекува вашиот пазар?
  2. Дали пазарот може лесно да се идентификува или дефинира?
  3. Доколку може лесно да се иднетификува или дефинира кои се границите?
  4. Можат ли и зошто можат да се пробијат тие граници?
  5. Колкава е големината на пазарот во количина на потенцијални купувачи?
  6. Колкава е големина на пазарот во износ на пари?
  7. Кои се главните сегменти на пазарот?
  8. Може ли да се опишат сегментите на тој пазар?
  9. Како се дефинираат сегментите на тој пазар?
  10. Дали пазарот расте и со кој степен се забележува растот?
  11. Кои се купувачите на пазарот?
  12. Каде се наоѓаат купувачите од тој пазар?
  13. Како може да се стигне до купувачите на тој пазар?
  14. Кои видови на купувачи ги купуваат производите или услугите што вие ги нудите?
  15. Дали локацијата на купувачи може да влијае на купувањето?
  16. Кои се конкурентите на пазарот?
  17. Со колку конкуренти ќе се натпреварувам за истите купувачи?
  18. Како конкурентите стигаат на овој пазар?
  19. Дали конкурентите имплементираат некакви промени?
  20. На колку време конкурентите имплементираат промени?
  21. Каков е пристапот на конкурентите кон купувачите кога имплементираат промени?
  22. Дали тие промени би се квалификувале како успешни промени?
  23. Зошто тие промени се квалификуваат како успешни промени?
  24. Кои промени на конкурентите се неуспешни и зошто?
  25. Со какви цени настапуваат конкурентите на пазарот?
  26. Каква е маркетинг стратегијата на конкурентите на пазарот?
  27. Кои се конкурентските производи или услуги?
  28. Што е онаа што на купувачите им се допаѓа кај конкурентските производи или услуги?
  29. Колкав износ во пари тековните купувачи плаќаат за конкурентските производи или услуги?
  30. Кои се основните фактори кои имаат значење за купувачите при избор на производ или услуга кои ќе ги купат?
  31. Дали е тоа цената?
  32. Дали е тоа квалитетот и кои карактеристики на квалитетот?
  33. Дали е тоа време на испорака?
  34. Дали е тоа дополнителната услуга и кои дополнителни услуги?
  35. Што друго влијае на купувачите при избор?
  36. Што е онаа што е потребно за да се успее на овој пазар?
  37. Може ли пазарот да издржи уште еден играч?
  38. Ако може да издржи уште еден играч, дали може да биде отворен за уште играчи?
  39. Дали индустријата бележи раст во последните години?
  40. Кои се трендовите на индустријата?
  41. Дали индустијата е сезонска или не?
  42. Постојат ли некои законски одредби со кои се регулира индустријата?
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*