post

[Истражување] Стратегија за претприемачко учење

Во тек е подготовка на стратегија за претприемачко учење. За таа цел досега се одржаа две работилници каде од страна на клучните стејкхолдери беа споделени различни идеи како предлози кои би требало и би можеле да се вклучат во стратегијата.

Изработен е анкетен прашалник преку кој може да се обезбеди вклучување на вашето мислење за онаа што веќе постои како предлог, но и сосема нови идеи кои би можеле да бидат дел од стратегијата.

Овој прашалник има за цел да помогне во подготовката на стратегија за претприемачко учење на Република Македонија 2014–2020. Прашалникот базира на работилницата која во Април 2013 се одржа во организација на Европската тренинг фондација и Министерството за образование и наука на Република Мкедонија, каде беа предложени неколку основни области на активности во кои би требало да се развива стратегијата за претприемачко учење.

Вашиот придонес со одговарање на прашалникот даден подолу ќе биде од огромно значење за навремено поставување на сите потребни активности кои би требало да бидат преземени во следниот период.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*