post

Излез од фазата старост

Цел на постоење на бизнисот Како што можевте да видите од досегашниот серијал за животни циклуси на бизниси и нивното движење и преминување од една во друга фаза, последната фаза е фазата старост.

Еден бизнис може да дојде по природен пат во оваа фаза, но може и да навлезе набргу по озбилноста доколку се направат грешки.

Како прво кога станува збор за барање на излези од оваа ситуација морам да кажам дека како претприемачи не треба да дозволиме да стигнеме до тука. Во фазата зрелост наведовме дека за да се задржиме во таа најпосакувана фаза потребно е:

  • да избереме висококвалитетен менаџерски тим кој ќе знае што треба да се направи.
  • да ги усогласиме претприемништво и одржување.
  • постојано да ги следиме внатрешните и надворешните фактори кои претставуваат причинители на организациски промени.
  • одлучно да имплементираме организациски промени заради прилагодување кон променетите влијанија од надворешноста и од внатрешноста на организацијата.

Но, кога веќе се најдеме во оваа фаза – која е и фаза на смртност, единствено можеме да се извадиме доколку во почетокот забележиме дека нешто не е во ред. Но, како ќе забележиме дека нешто не е во ред? Доколку постојано ги следиме нашите бизнис бројки и постојано вршиме споредба со бизнис планот лесно ќе воочиме дека нешто не е во ред.

Оваа е фаза кога се потребни крупни организациски промени за да се дојде до претходната фаза на озбилност кога се е ОК. Како едни од клучни активности во оваа фаза може да бидат:

  • Итна промена на менаџментот кој го довел бизнисот во оваа фаза.
  • Избор на соодветен менаџерски тим кој ќе може да одговори на предизвиците.
  • Итни организациски промени заради подобрување на ефикасноста и ефективноста на бизнисот.
  • Вложување во истражување и развој како би си ги повратиле изгубените пазари.

Значи ова се некои од основните активности кои мора веднаш да ги превземеме. Овие активности не гарантираат дека ќе се вратиме во претходната фаза, но претставуваат добра основа за обид за спас на она што може да се спаси. Повторно напоменувам дека не треба да дозволиме да дојдеме до оваа фаза бидејќи полесно е да се одржиме во фазата зрелост отколку да се вратиме од старост во зрелост.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*