post

Како да го намалиш времето кое не додава вредност во 5 минути

Намалување на активности кои не додаваат вредност - Продуктивност Колку време дневно трошиш на активности кои додаваат вредност на твојот бизнис?

Или пак можеби подобро е прашањето да гласи: Колку време трошиш на активности кои не додаваат  вредност?

Како еден претприемач, мора да бидеш попродуктивен. Мора да го подобруваш бизнисот во сите можни аспекти кои ќе ти дадат најдобри резултати, или најдобар повраток на инвестиција во форма на пари, енергија или време.

Доколку се фокусираш во креирање на поголема вредност, ќе бидеш и подобар претприемач.

Да разгледаме еден процес кој ќе ти овозможи да го намалиш времето кое не додава вредност во 5 минути.

Минута #1: Направи листа на сите активности во еден просечен бизнис ден

Направи една листа која ќе ги содржи сите твои задачи во еден просечен бизнис ден кои треба да ги завршиш или едноставно вообичаено ги завршуваш.

Може да внесеш се како што е состанок со вработени, проверка на е-пошта, одговор на телефон, склопување договори…

Стави колку што можеш задачи на листата, оние кои ги навистина ги работиш, не размислувај за било што друго, едноставно напиши ги.

Минута #2: На секоја активност додади знак кој ќе означува додава вредност или не додава вредност

Сега, кога имаш листа, и веќе знаеш како го трошиш времето, едноставно може да ги поминеш повторно сите активности во втората минута и да ги означиш оние кои додаваат вредност различно од оние кои не додаваат вредност.

Минута #3: Разгледај ги сите активности кои не додаваат вредност и избриши ги оние кои не се потребни

Во третата минута, ќе треба да ги провериш сите активности кои не додаваат вредност а останаат по првото бришење. Секогаш ќе најдеш некои активности кои не се важни или едноставно немаат некое значење за твојот бизнис.

Доколку немаат значајност за твојот бизнис, едноставно избриши ги и нив.

Минута #4: Разгледај ги сите останати активности кои не додаваат вредност, а за кои сметаш дека мора да се изведат и делегирај ги

Сега, твојата листа е составена со важни активности кои додаваат вредност и активности без многу големо значење во додавање на вредност, но мора да се спроведат заради нормално функционирање на бизнисот.

Едноставно, твојата четврта минута од процесов ќе биде да се “отарасиш” од сите преостанати активности кои не додаваат вредност преку делегирање на некој од твојот тим. Ти си претприемач, и твојата задача е да се фокусираш на активности кои додаваат вредност во твојот бизнис.

Минута #5: Уште еднаш провери што останало и финализирај ја листата

Твојата листа сега содржи само активности кои додаваат вредност. Иако е така, сепак нема да изгубиш ништо доколку и последната минута ја потрошиш за уште една проверка на листата. Можеби ќе најдеш дека нешто е заборавено и треба да се додаде на листата. Може да забележиш и дека некои од активностите кои додаваат вредност не се толку важни и може да се делегираат.

Целта на последната минута е уште едно конечно прочистување на листата, бидејќи доколку е предолга нема да гарантира успех, бидејќи едноставно нема да можеш да постигнеш се.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*