post

КАКО ДА ГО ЗГОЛЕМИТЕ ПРОФИТОТ!

Во време на криза се мисли како да се задржи опстанокот на бизнисот. Тешко дека некој размислува за профит! Најважно е да не се работи со загуба. Но сепак претприемач Ви препорачува да се обидете да бидете профитабилни и оваа година. Да тргнеме од онаа што влијае на Вашиот профит:

  • Стапка на профит
  • Купувачи
  • Количина која се продава

Со зголемување на стапката на профитот ќе ја зголемите и цената, па така ако некој производ сте го продавале за 100 денари и ја зголемите цената за 10 денари ќе го зголемите и профитот за 10 денари.

Ако имате повеќе купувачи ќе биде зголемен и профитот. На пример, имате 10 купувачи кои во просек трошат по 1000 денари ќе имате приход од 10.000 денари. Доколку профитот е 10% ќе имате профит од 1000 денари. Доколку пак имате 20 купувачи кои во просек трошат исто ќе имате приход од 20.000 денари и профит од 2.000 денари.

Доколку ја зголемите количината на производи која ја продавате ќе успеете да го зголемите профитот. На пример имате 10 купувачи кои купуваат по 10 парчиња и во просек излегува дека трошат 1000 денари ќе имате приход од 10.000 денари и профит од 1.000 денари. Доколку тие исти купувачи купат по 15 парчиња ќе имате просечна продажба од еден купувач од 1.500 денари и приход од 15.000 денари што ќе ви донесе профит од 1.500 денари.

Доколку купувачите и количината која се продава ги претвориме во:

  • Број на потенцијални потрошувачи
  • Стапка на трансформација на потенцијални потрошувачи во купувачи
  • Број на продажби и
  • Просечна продажба по купувач

ќе имаме 5 елементи кои влијаат на профитабилноста и тоа горенаведените 4 и маржата.

Секоја профитабилност започнува со број на потенцијални потрошувачи. Ова е бројот на сите контактирани или пак сите оние кои влегуват во Вашата продажна инка. Од овие потенцијални потрошувачи одреден процент стануваат вистински купувачи. Тој процент е стапка на трансформација на потенцијални потрошувачи во купувачи. Колку е поголем бројот на вистински купувачи толку ќе биде и поголема Вашата профитабилност. Бројот на вистински купувачи зависи од бројот на потенцијални потрошувачи кои влегуваат во Вашата продажна инка и стапката на трансформација. На пример, имате 1000 потенцијални потрошувачи и стапка на трансформација 10%, бројот на вистински купувачи ќе биде 100. Повеќе за ова можете да прочитате во подобрување на продажната инка.

Понатаму на профитабилноста ќе влијае бројот на продажбите во одреден временски период. Доколку имате поголем број на продажби од исти купувачи и профитабилноста ќе биде поголема. Бројот на продажби зависи од Ваши задоволни купувачи. Доколку се задоволни ќе се вратат повторно да купуваат.

Четвртиот елемент кој влијае на профитабилноста е просечна продажба во денари од еден купувач.

Така да сега имаме една формула за профитабилноста:

Потенцијални потрошувачи Х Стапка на трансформација Х Број на продажби Х Просечна продажба по купувач Х Стапка на профит =  Профит во денари

Да земеме еден пример:

  • Во текот на годината во вашата продажна инка успевате да внесете 5000 потенцијални потрошувачи
  • Стапката на трансформација на потенцијални потрошувачи во купувачи ви е 10%
  • Од еден потрошувач во просек правите 6 продажби во текот на годината
  • Просечна продажба во денари од еден потрошувач за едно купување е 500 денари
  • Стапка на профит ви е 10%.

Вашиот годишен профит ќе биде:

5000 х 0,1 х 6 х 500 х 0,1 = 150.000,00 денари

Значи годишен профит ќе ви биде 150.000 денари. Но, сакате да го зголемите профитот и вршите подобрување на сите 5 елементи за 10% па така имате:

  • Во текот на годината во вашата продажна инка успевате да внесете 5500 потенцијални потрошувачи
  • Стапката на трансформација на потенцијални потрошувачи во купувачи ви е 11%
  • Од еден потрошувач во просек правите 6,6 продажби во текот на годината
  • Просечна продажба во денари од еден потрошувач за едно купување е 550 денари
  • Стапка на профит ви е 11%.
  • Вашиот годишен профит ќе биде:

    5500 х 0,11 х 6,6 х 550 х 0,11 = 241.576,50 денари

    Со 10% зголемување на сите елементи Вие го зголемивте годишниот профит за 91576,50 денари (241.576,50 – 150.000,00). Ова претставува зголемување од над 60% од претходниот профит на годишно ниво. И ова се нарекува ефект на пеперутка.

    About Д-р Драган Шутевски

    Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

    Speak Your Mind

    *