post

Како да ја комуницираш вредноста?

Вредност Дали твојот бизнис нуди вредност?

Доколку немаш вредност, веројатно не си ни во бизнисот, односно не си претприемач.

Секој бизнис, како креација од страна на претприемачи има своја сопствена вредност која ја нуди на пазарот. И најверојатно, многу е тешко да најдеш два бизниси од иста индустрија со ист производ или услуга кој го нудат да имаат сосема иста вредност која ја нудат. Вредноста е нешто што разликата ја прави јасна помеѓу бизнисите. Тоа е нешто што влијае на потрошувачите да изберат еден во однос на друг бизнис кога одлучуваат за купување.

Но, постои една опасност, а тоа е кога претприемачот има јасна вредност која ја нуди, но едноставно не ја комуницира истата со потенцијалните купувачи или пошироката заедница каде всушност бизнисот оперира.

Зошто им е вредноста кога нивните потенцијални купувачи не можат да ја најдат и користат при донесување на одлука за купување?

Зошто имаат вредност кога нивните потенцијални купувачи не можат да ја најдат и користат во нивниот процес на диференцијација помеѓу два и повеќе бизниси?

Важно е за тебе како еден претприемач да ја комуницираш вредноста. Да овозможиш твоите потенцијални купувачи да знаат за неа, бидејќи ти им нудиш вредност, не треба да ја криеш твојата вредност од нив.

Но, прашањето е кој е најефикасен начин да се комуницира вредноста?

Да погледнеме во еден можен процес кој може да го искористиш. Но, запомни дека секогаш можеш да го промениш или прилагодиш за твојот сопствен бизнис.

#1 Кои се најголемите вредности кои твојот бизнис ги нуди?

Мора да знаеш што е највредно за твоите купувачи.

Знам дека имаш многу вредности кои може да ги бреинстормираш и кои секако ги нудиш, но застани за момент, и размисли за најважните. Кога велам најважни, не мислам за најважни за тебе, туку за најважни за твоите купувачи.

Направи листа на најважните вредности кои ги нудиш. Анализирај ги тие вредности, истражи го пазарот, прашај ги тековните потрошувачи и врз основа на тоа приоритизирај ги.

#2 Направи можни групи со по три вредности кои се најважни за твоите купувачи

Сега ќе можеш да направиш различни понуди со по три вредности кои ќе ги комуницираш и кои претставуваат најважни вредности за купувачите. Не користи повеќе од 3 вредности во една понуда. луѓето не можат да процесираат повеќе од три. Подобро е да имаш повеќе понуди со различни вредности отколку една понуда со премногу вредности, што може да изгледа дека се обидуваш да бидеш се за секого.

#3 Тестирај ги понудите со различни комбинации на вредности

Ова е континуиран процес кој бара постојано подобрување. Најдобар начин да ги подобриш твоите понуди е да ги тестираш истите. На таков начин ќе знаеш директно од твоите купувачи која е најдобрата комбинација на вредности за нив.

#4 Избери различни медиуми за различни понуди кои треба да ги комуницираат твоите вредности

Нешто што функционира на твојот веб сајт, нема да функционира на твоите летоци. Од друга страна, она што функционира на летоците, нема да функционира на социјалните медиуми. Треба да ја најдеш најдобрата можна комбинација на понуди кои ќе функционираат на соодветниот медиум.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*