post

Како да подготвиш стратегија од една страничка?

Кога станува збор за малите бизниси, се треба да биде мало, едноставно, но корисно.

Не можеме да очекуваме дека еден претприемач за својот мал бизнис треба да пишува неколку томови стратегија. Таквите стратегии се само збунувачки, ќе ви го одземат времето и нема да ја постигнат целта заради која постојат.

Стратегија го дефинира планот со кој ќе стигнете од А до Б. Стратегија претставува план на акции за остварување на поставените цели. Или поедноставно кажано таа е средство за постигнување на целите.

На вас како претприемачи ќе ви треба кратка, јасна и концизна стратегија која може да се смести на една страничка. Таа една страничка секојдневно треба да биде пред вас во периодот за кој се однесува.

Предности од една ваква кратка стратегија од една страничка се:

  • лесно ќе можете да ја следите реализацијата секојдневно;
  • лесно ќе можете да ја прилагодите согласно вистинските потреби од теренот;
  • ви дава слика за она што ќе треба да се направи без одвлекување на вашиот фокус кон небитни работи.

Па како да подготвите една таква стратегија?

Едноставно, одговорете ги следните прашања.

1. Што сакате да постигнете?

Мора да започнете со она што сакате да го постигнете. Бидејќи стратегијата претставува средство за реализација на целите, затоа и целите ќе бидат стартната точка на вашата стратегија.

Поделете го листот хартија на три делови. И во првиот (најгорниот) наведете ги најважните 5 цели кои вашиот бизнис мора да ги постигне во периодот од 2-3 години кои следуваат.

Дали целта е да заработите 1.000.000 долари?

2. Каде сте во моментов?

Знаете што сакате или требате да постигнете, но треба и да знаете каде се наоѓате сега. Во претходното прашање ја дефиниравте позицијата Б од вашиот пат од А до Б. Сега ќе треба да ја дефинирате позицијата А, односно од каде треба да тргнете за да стигнете до посакуваната позиција.

Во вториот дел од листот хартија наведете каде се наоѓате во моментов, но преку призмата на поставените цели. Ако целта е за приходи, напишете колкави се сегашните приходи.

Дали во моментов заработувате 500.000 долари?

3. Што треба да направите за да стигнете таму?

Сега кога веќе знаете каде се наоѓате и каде треба да стигнете, вашата задача е да ги дефинирате активностите за периодот кој следува кои ќе ве доведат до посакуваната цел.

Во третиот дел од листот хартија наведете што ќе правите во периодот кој следува за да ги реализирате поставените цели.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*