post

Како До Најмоќното Маркетинг Средство?

Најмоќното маркетинг средство за еден претприемач претставува ширење на пораката од уста на уста помеѓу луѓето – сегашните и потенцијалните потрошувачи. Кога еден бизнис ќе успее во една ваква намера, веројатноста за успехот на бизнисот е огромна.

Маркетинг - збор од уста на уста

Вакво маркетинг средство претставува врвно достигнување за сите бизниси, а од друга страна доколку навистина се успее тоа е бесплатно.

Само неколку карактеристики на збор од уста на уста ќе издвојам:

  • Бесплатно. Не плаќате ништо, бидејќи за вас работата ја изведуваат сегашните ваши потрошувачи и секако потенцијалните потрошувачи.
  • Продуктивно. Довербата на примателите на една таква порака е многу поголема отколку кај било кое друго маркетинг средство. Дали повеќе ќе верувате на некој Ваш пријател кога ви кажува дека нешто е добро или пак на бизнисот чиј флаер или леток го држите во рака.
  • Тешко се постигнува. Да, оваа маркетинг средство најтешко се постигнува бидејќи претприемачот има многу слабо влијание на на пренесување на пораката. На пример, за телевизија претприемачот сам бира која телевизија ќе ја користи, колку пати ќе се прикажува пораката и кога ќе се прикажува пораката. Додека кај пренесување на пораката од уста на уста претприемачот може да влијае само на поттикнување на пораката.

На претриемач во оваа проблематика навлегов малку преку насловите за вирозен (viral) маркетинг:

Во продолжение ќе претставам неколку начини како можете да го постигнете овој моќен ефект.

1. Кревај врева!

Обидувај се секогаш да има некаква врева околу твојот бизнис, но не било каква туку позитивна врева. Колку поголема позитивна врева постои околу Вашиот бизнис толку поголема ќе биде веројатноста од распространување на глас за Вас и Вашиот бизнис. Направивте нешто добро, нека се зборува за тоа добро. Воведовте нешто ново, нека се зборува за тоа ново.

2. Наградувајте ги најдобрите потрошувачи

Најдобрите и најпостојаните потрошувачи имаат голем потенцијал да бидат најголеми промотери на Вашиот бизнис. Потребно е само да го поттикнете искористувањето на тој потенцијал. Тие веќе имаат искуство со Вашиот бизнис и знаат кои се Вашите производи или услуги и кои се нивните карактеристики. Едноставно наградете ги за да се почувствуваат привилегирано. Секој сака да се пофали за нешто, па така очекувајте дека за тоа што сте ги наградиле сите нивни познаници, роднини и пријатели ќе дознаат. Од друга страна со наградување ќе поттикнете реципроцитет како еден од 6-те принципи на влијание.

3. Користете анкети и прашалници

Во човековата природа е да сакаат да бидат прашани за мислење. Од друга страна направете ги анкетите вирозни така да бидат препраќани и доставувани од еден на друг. истите едноставно претставуваат солидна основа за отворање на тема за разговор.

4. Кампањи за препораки од потрошувачи

И секако како четврти начин иако не и последен бидејќи сепак ова зависи од Вашата креативност, препорачувам еден систематизиран приод во подготвување на кампањи за препораки од потрошувачи. Велам систематизиран приод бидејќи ќе треба да воспоставите систем за спроведување на вакви кампањи во кој прецизно ќе бидат дефинирани правила и процедури за поттикнување на потрошувачи. На пример можете да понудите дополнителни бенефиции за сите кои ќе го препорачаат Вашиот бизнис на одреден број на потенцијални купувачи. Може да воведете систем на бодување и секој да користи бенефиција согласно постигнатото.

И како за крај една препорака:

Не ограничувајте се само на овие начини и препораки, бидете креативни кога станува збор за постигнување на една ваква цел. Овие начини нека ви служат само како идеи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] недела имавте можност да прочитате за тоа Како до најмоќното маркетинг средство кое се однесуваше на пренесување на порака од уста на […]

  2. […] написите се вирозни. Вирозен маркетинг е нешто што го сонува секој претприемач. По секој […]

  3. […] 65-то маркетинг средство на претприемач ќе биде вирозен маркетинг. Досега повеќепати пишував за оваа маркетинг […]

Speak Your Mind

*