post

Како до повторување на продажба?

Како до потенцијални потрошувачи?

Како до потенцијални потрошувачи?

Како до повторување на продажба? Прашање кое е постојано актуелно за секој претприемач како и прашањето за тоа како до повеќе купувачи.

Секој претприемач сака неговиот бизнис да има купувачи, но исто така и секој претприемач сака откако ќе успее да стекне критична маса на купувачи истите да се враќаат и повторно да купуваат од нивните бизнис. Едно правило во бизнисот функционира, а тоа е дека многу е певтино да задржиш постоечки купувач отколку да доведеш нов. Ова е едно од круцијалните барања што се поставуваат пред еден бизнис за да се обезбеди долгорочна стабилност и благосостојба на истиот.

Но, како да се постигне едно такво ниво?

За да се успее во повторување на продажба од страна на купувачите потребно е да се исполнат одредени услови од страна на бизниснот. Во понатамошниот текст ќе се обидам да презентирам некои од тие услови.

Времетраење на производ и/или услуга

Производот и/или услугата мора да бидат еден вид на потрошен материјал доколку сакаме да имаме повторување на продажба. Секој производ на одреден начин се троши. Некој побргу, некој поспоро. Но, она што е важно за секој бизнис да успее да ја хармонизира побарувачката на тој производ и/или услуга со животниот циклус на тој производ и/или услуга како и развојниот циклус на новите производи и/или услуги. На пример храна се троши и се купува секојдневно, додека стан или куќа можеби само еднаш во животот.

Квалитет

Квалитетот на производот и/или услугата е вториот услов кој треба да се исполни доколку сакате да осигурате повторно купување од страна на купувачите. Дали доколку не сте задоволни со некој производ и/или услуга од одреден бизнис повторно би се вратиле по одреден период и да го повторите тоа купување? Сигурно не.

Поедноставување на процесот на купување

Како трет услов кој може да доведе до повторување на купување од страна на купувачите претставува постоење на едноставност при извршување на купување. Ставете се во позиција на еден купувач од Ваш бизнис кој би требало во одреден временски период да купува. Што би промениле? Што би подобриле? Што е тоа што ве нервира во самиот процес?

Одржување на квалитетна база на податоци со потрошувачи

Четвртиот услов е да имате и водите квалитетна база на податоци со потрошувачи. Доколку некој купи нешто од Вашиот бизнис за првпат, можеби и никогаш повеќе да не се врати. Но доколку тој купувач влезе со одредени контакт детали во базата на податоци со потрошувачи ќе имате шанса да го привлечете уште еднаш. Можеби најголемиот имот за Вашиот бизнис претставува токму оваа база на податоци.

Присутност онаму каде што се Вашите купувачи

Како петти услов е да бидете секогаш присутни онаму каде што се наоѓаат вашите потрошувачи. Доколку сте присутни, едноставно ги потсетувате дека Вие сте тука за да им го решите проблемот, а со тоа и веројатноста за повторно купување се зголемува.

Вашиот бизнис мора да им се допаѓа

Шести услов е да им се допаѓате на Вашите купувачи. Тоа значи Вашиот продажен тим да им оставил добар впечаток. Тоа значи Вашите маркетинг кампањи да бидат примамливи и корисни. Тоа значи тие да чувствуваат дека Вашиот бизнис се грижи за нив и нивниот проблем.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*