post

Како до иновациска компанија?

Иновациска компанија е компанија која постојано иновира и тоа со успех. Прашањето не е дали треба да бидете иновациска компанија, тоа е јасно.

иновирај

Прашањето е како да биднете навистина иновациска компанија.

Во овој наслов сакам малку да навлеземе во суштината на градење на иновациска компанија. Не е едноставно, бидејќи многу фактори влијаат на истото. На пример, иновациска компанија бара иновациски претприемачи, а иновациски претприемачи бараат да бидат креирани во иновациско општество.

Сега, дали ние имаме иноваицско општество? Морам за жал да кажам дека иако во последните неколку години се прават напори за суштински промени во општетсвото сеуште сме далеку. Повторно на истиот пример, иновациско општество понатаму бара иновациски и претприемачки ориентиран образовен систем (формален и неформален). Повторно, се поставува прашањето во моментов дали го имаме тоа?

Но, тоа е сосема друга тема која не зависи од вас како претприемачи, туку од креатори на политики. Тука ќе зборувам за онаа што вие како еден претприемач можете да го контролирате, менаџирате и унапредувате за да вашата компанија може да се нарече како иновациска компанија кои што ќе ги наречам како основни правила за креирање на иновациска компанија.

  1. Правило број 1 за иновациска компанија: Процесот на иновирање без разлика дали станува збор за иновирање во производи или услуги, во бизнис модел или пак во бизнис процесите мора да биде стратешки дефиниран.
  2. Правило број 2 за иновациска компанија: Процесот на иновирање мора да биде интегриран во менаталитетот на сите вработени во вашата компанија без разлика на кое работно место се наоѓаат.
  3. Правило број 3 за иновациска компанија: Бизнис моделот на вашата компанија не само што ќе ја поддржува иновацијата, туку мора и да поттикнува иновација.
  4. Правило број 4 за иновациска компанија: Иновацијата мора да биде прилагодена согласно генералната стратегија на вашата компанија.
  5. Правило број 5 за иновациска компанија: Успешна иновација мора да биде поддржана преку неутрализација на сите отпори кои ќе се појават на било кое организациско ниво, а кои факт е дека се појавуваат.
  6. Правило број 6 за иновациска компанија: Иновација без силна мрежа во внатрешноста на компанијата, но и надворешноста на компанијата нема да биде успешна како што треба да биде.
  7. Правило број 7 за иновациска компанија: Иновацијата бара да користите вистински мерки кои соодветно ќе ја мерат успешноста на истата.
  8. Правило број 8 за иновациска компанија: Секоја успешна иновација нека следи со соодветна награда за тимот кој доаѓа до идејата и тимот кој ја реализирал идејата.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*