post

Како тим лидер мора да обезбедите поддршка за вашиот тим

Вие сте претприемач, личност која креира нешто вредно за вашите купувачи од ништо. Но, исто така вие сте и лидер, бидејќи не можете да креирате и дистрибуирате вредност за купувачите како индивидуалец кој е сам.

Имате потреба и веројатно веќе имате тим кој ќе работи со вас и ќе ви помогне за да ги постигнете вашите цели.

Согласно моите анализи на група на претприемачи, открив дека без поддршка од страна на претприемачот постигнувањата на тимот (или малиот бизнис како целина) се 30% до 50% помалку отколку кај бизниси со целосна поддршка на претприемачот.

Што значи оваа? Еве некои примери:

  • Времето на завршување на ист проект во два мали бизниси е три месеци каде претприемачот дава целосна поддршка на својот тим и четири месеци каде претприемачот не обезбедува целосна поддршка на тимот кој работи на проектот.
  • Мали бизниси со целосна поддршка на тимот од страна на лидерот во една година завшува пет различни проекти додека малите бизниси без поддршка од страна на лидерот завршува само три проекти во една година.

Со овие два примери, лесно можете да видите дека без 100% поддршка од ваша страна, вашиот мал бизнис ќе страда.

Оваа значи:

  1. Ќе имате се повеќе и повеќе не завршени проекти. Поголемо време на завршување на проектите ќе донесе на вашата маса повеќе проекти кои сеуште не се завршени. Тоа ќе креира негативен ефект на вашиот бизнис како целина.
  2. Нивото на продуктивност во вашиот мал бизнис ќе се намали. Трошење на повеќе време за иста задача значи дека севкупната продуктивност ќе се намалува.
  3. Ќе се намали бизнис потенцијалната енергија на вашиот бизнис. Бидејќи проектите нема да ви ги дадат резултатите кои ги сакате или пак резултатите кои тие имаат потенцијал да ви ги дадат, вашата севкупна бизнис потенцијална енергија ќе страда.
  4. Довербата во вас како еден лидер ќе се намали. Оваа е важна работа бидејќи едноставно сите ваши соништа може да пропаднат. Без довербата од страна на членовите на тимот не можете да очекувате дека ќе ги постигнете вашите цели.

Што можете да направите за да станете подобар лидер?

  1. Започнете со работа на подобрување на вашите лидерски вештини. Како прво потрошете одредено време да работите на подобрување на вашите најважни лидерски вештини.

  2. Внимателно делегирајте. Како тим лидер ќе треба да го знаете капацитетот и потенцијалот на сите членови на вашиот тим и тогаш да започнете со делегирање согласно тоа знаење. Доколку сакате да го искористите целосниот потенцијал на вашиот тим, ќе треба да делегирате доволно паметно и на таков начин да обезбедите доволна слобода за вас истовремено со гаранција за квалитетно завршување на делегираните задачи во вистинско време.

  3. Бидете достапен кога им требате. Членовите на вашиот тим ќе имаат потреба од вас и тоа е факт. Но, онаа што е поважно е како ќе го менаџирате вашето време да бидете достапни тогаш кога ќе членовите на тимот ќе имаат потреба од вас. На пример, доколку делегирате паметно, ќе го намалите вашето време што тие ќе имаат потреба од вас кога работат на проектвните задачи.

    Вашата помош може да биде обезбедена преку кратки состанови на секојдневна основа каде тие ќе можат да споделат различни проблеми со вас. Исто така можете да распоредите еден дел од вашиот работен ден да зборувате за задачите со членовите на вашиот тим. Можете да користите технологија во форма на прашања и одговори, или едноставно да дозволите да ви се јават или испратат email за специфични проблеми.

  4. Помогнете им да ги завршат нивните задачи. Кога се наоѓате во една континуирана комуникација со членовите на вашиот тим, ќе можете да ја пружите помошта што ќе им биде потребна. Дополнително, наместо да чекате да ве прашаат за помош, можете да ги следите нивните постигнувања и да скокнете од време на време доколку сметате дека ќе имаат потреба од помош од ваша страна.

  5. Споделете ја вашата визија со нив. Доколку сакате членовите на вашиот тим да ве следат, да знаат што точно треба да направат и која е нивната улога во реализација на вашата визија ќе мора да ја споделите визијата со нив. Доколку тие успеат брзо да се најдат себеси во вашата визија, ќе бидете лидер кој тие сакаат да го следат.

  6. Излезете и надвор од границите на вашиот бизнис. Не е само работата и постигнувањата нешто што е најважно во овој случај. Ќе мора да изградите култура на доверба и пријателство доколку сакате да бидете успешен лидер. Бидете поблиски со членовите на вашиот тим и разговарајте за работите кои и не се поврзани со нивната работа и вашиот бизнис. Исто така можете и да си дозволите да излезете надвор и поминете релаксирачко време со нив. Градење на взаемна доверба е важен дел од вашиот лидерски стил и успехот на вашиот тим како целина.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*