post

Карактеристики на интрапретприемачи

Интрапретприемач Во текот на расправите во врска со интрапретприемачите, често може да се слушне зборот бирократијата во големите организации или нивниот конзерватизам. Секоја корпорација во себе има вградено “Имунолошки систем” против дејствување на интрапретприемачи и тоа треба да се совлада, за да може да се реализира било кој од проектите.

Најчесто интрапретприемачите со своите активности, ги остваруваат своите соништа за докажување во работењето. Работењето во специфични услови, бара од интрапретприемачот да поседува одредени карактеристики, за да биде во состојба да ги реализира своите замисли.

Некои психолошки истражувања, укажуваат дека интрапретприемачите најчесто имаат проблеми во односот со татковците, односно имаат проблеми со непочитување на авторитетите. Тоа им овозможува полесно да ги кршат правилата, што другите вработени потешко би се осмелиле да го направат.

При работењето во големите компании е препорачливо вработените да не ги следат само готовите упаства, туку и да размислуваат со својата глава и континуирано да го подобруваат процесот на работењето.

Интрапретприемачите треба да преземаат улога на херои и да имаат визија за нешто што уште не се случило, а пожелно е да се случи поради интересите на организацијата. Тие мораат да ја предвидуваат и да ја гледаат иднината многу подобро од другите вработени, а како и сите херои не треба веднаш да очекуваат награда и признанија.

Во прво време при реализирање на некој проект, кој го започнал интрапретприемачот, најчесто се јавува незадоволство, па и бојкот и опструкција од страна на другите вработени, кои можат да завидуваат или да се плашат за опстојување на своите позиции.

Секој интрапретприемач мора да поседува одреден талент, преку кој добива одредена визија, која понатаму ја развива и разработува. Тие треба да ги кршат определените правила на организацијата и поради тоа некогаш можат да бидат и казнувани. За да може плановите полесно да ги реализираат, потребно е да имаат покровител, кој ќе им овозможи полесно “пливање” низ правилата на организацијата. Покровителот треба да биде итар и да има визии, а доколку треба да го заштити интрапретприемачот и неговото работење од неоснованите напади, да биде склон и кон криење на вистината.

Интрапретприемачите треба да бидат деловни и жилаво да се борат за остварување на своите идеи, без оглед на сите можни пречки во реализирање на проектите.

Поради оневозможеното остварување на замислата, често се случува интрапретприемачите да поднесат оставка и да формираат своја фирма или да преминат во нова фирма, каде би им се овозможила непречена реализација на потфатите. Најчестите изјави од нивна страна биле дека тие се обидувале, ама биле спречени и дека повеќе немаат намера да бараат многубројни дозволи.

При реализирање на потфатите интрапретприемачот не смее да внимава само на профитот, туку и на луѓето со кои соработува, а со кои треба и во иднина да соработува. Не смее да се има нехуман однос кон луѓето, бидејќи тој нехуман однос може во одреден момент да се сврти против оние кои го спроведуваат.

Поради ова, при релизирањето на овие проекти, потребно е постоење на избалансиран став кон сите прашања. Од една страна да се заштитат луѓето, а од друга страна да се оствари профит. Ова се потенцира бидејќи ИП дејствува таму каде што другите затајуваат. Со тоа се избегнува да се запостави успехот и развојот на организацијата и се избегнува користењето на нехумани методи во работењето, без оглед што некогаш е подобро да се “отсече прст, отколку да се загуби рака”. Ова е посебно присутно кога мора да се изврши отпуштање на одреден број вработени, за да се спаси целината на компанијата.

Hisrich [Stokes D.: Small Business Management. An Active-Learning Approach] бележи седум водечки карактеристики на внатрешниот претприемач:

  • разбирање на средината;
  • визионерство и флексибилност;
  • креирање на менаџмент опции;
  • поттикнување на тимска работа;
  • поттикнување на отворени дискусии;
  • градење на коалиција на приврзаниците;
  • упорност.

Ќе ги анализираме некои од карактеристики на интрапретприемачот.

  • Флексибилноста е потребна компонента во работењето на интрапретприемачот, благодарејќи на неа тие можат полесно да “пливаат” меѓу различните интереси во компанијата. На тој начин полесно ќе ги елиминираат пречките, кои се поставуваат од страна на луѓето, кои се противат на промените во работењето.
  • Ризик постои во секој сегмент од работењето и живеењето. Вработените може да не се принудени да преземаат ризик, бидејќи тие може да се длабоко “вкопани” во бирократска структура, па доколку и не превземат ништо, тоа нема да биде санкционирано. Дури, во многу случаи тоа би претставувало и пожелен модел на однесување. Меѓутоа, интрапретприемачите не се согласуваат со “пријатна работа”, туку преземаат ризик за да реализираат одреден проект, со што ќе придонесат за поуспешно работење на компанијата. Во големите компании не се гледа со преголема симпатија кон луѓето кои внесуваат нешто ново. За одредена замисла секогаш постои можност таа да не се реализира од различни причини. Доколку не се реализира замислата, интрапретприемачот се соочува со можни реперкусии. Доколку не постои разбирање од страна на врвното раководство за новите проекти, тоа е можност тие да не успеат. Ако строго се реагира на секое промашување, а не се прифати мислењето дека кој работи, тој и греши, тогаш и другите интрапретприемачи ќе се обесхрабрат да преземаат каков било потфат.
  • Креативност мора да се поседува за да можат да се осмислат проектите кои ќе го подобрат работењето на компаниите. Доколку ИП не поседува креативност, тој не ќе може и покрај желбата нешто да направи, тоа да го реализира, бидејќи нема да знае како да го оствари тоа.
  • Енергијата е потребна за да се реализира саканиот проект. Потребно е да се поминат поголем број нивоа на одлучување, за да се добие дозвола за реализирање на проектот.

Останатите постови од серијалот се:

About Илија Чубровиќ

Trackbacks

Speak Your Mind

*