post

Клучни фактори за определување на денот на лансирање

Многу добри идеи, иновации и бизниси не претставуваат ништо доколку се донесат на пазарот прерано. Историјата има покажано многу неуспеси за грешки во однос на тајмингот.

Но, причините за тие грешки не се толку околу тајмингот, причините се подлабоки, а кои на некој начин ќе бидат содржани и во овие клучни фактори кои подолу ќе ги наведам.

Да наведам само две промашување на големи компании во однос на доведување на иновацијата на пазарот: Nokia со првиот 3G телефон и Sony со првиот е-читач на книги. Причините иако можеби изгледа дека се нивниот тајминг (прерано доведување на иновацијата на пазарот кој сеуште не е спремен да ја прифати) сепак тој тајминг повеќе е во однос на самиот процес на носење на тие иновации, односно недостаток на еден поширок поглед од самата внатрешност и способност на компанијата да иновира и спроведува иновации.

Времињата се многу променети. А, пак новите времиња бараат и нови процеси, но и нови актери во самиот процес.

Кои се клучните четири фактори за определување на денот на лансирање на вашиот нов производ или пак нов бизнис?

1. Вредноста е нешто потребно и нешто што се разбира од страна на купувачите

Секој нов производ или услуга трансферира одредена вредност за купувачот.

Дали во очите на купувачот може да се забележи препознавање на таа вредност?

Дали навистина им е потребна токму таа редност и токму во тој момент кога вие ќе го лансирате вашиот нов производ или услуга?

Ова се клучните прашања за вас како еден претприемач на кои ќе треба да дадете одговор.

2. Целиот екосистем е дизајниран и спремен

Мора да знаете дека еден нов производ, односно иновација не зависи само од вас и вашиот бизнис, вашите системи и вашите процеси.

Во доставување на иновацијата на пазарот има повеќе актери во вид на снабдувачи, посредници, малопродажба, корисници…

Сите тие имаат потенцијал да влијаат на успехот на самото лансирање, но и на вистинското време за лансирање.

3. Сите бизнис процеси се дизајнирани и тестирани

Откако ќе бидете сигурни дека го имате добро дизајнирано вашиот екосистем, можете да преминете на план за спроведување.

Но, самиот план не е доволен. Мора да ги дизајнирате вашите процеси и системи, но и да ги тестирате истите во однос на нивното нормално функционирање на денот на лансирањето.

4. Веќе ги имате првите неколку купувачи (рани корисници или прифаќачи)

И секако, за да избегнете неуспех на лансирање на нов производ или услуга, мора да имате купувачи и пред да стигне вашиот производ до широките пазарни маси.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*