post

Книга: Enchantment од Guy Kawasaki

Enchantment

Enchantment

Минатата недела завршив со читање на книгата насловена како Enchantment од Guy Kawasaki. Од самото започнување со создавање на една поширока заедница за креирање на книгата преку дизајн на корицата за која се крена голем прав, истата привлече големо внимание низ целиот свет. Внимание привлече и одлуката на авторот да не користи веб сајт за нејзина промоција туку едноставно Facebook страна.

Затоа и јас бев еден од оние на кои процесот на enchantment на авторот влијаеше и меѓу првите ја нарачав истата.

Што значи enchantment?

Не сум сигурен дали постои некој вид на официјален превод за овој збор па затоа кога започнав со читање на книгата побарав низ неколку речници и лексикони за да пронајдам можен превод или дефиниција. Така да она што го разгледував беше:

New Oxford Dictionary за enchant вели дека значи:

Да опсипеш некого со големо задоволство; Да шармираш.

Истата дефиниција ја најдов и во онаа хардкопи издание на Oxford Advanced Learner’s Dictionary. Исто или слично може да се најде и во Wikipedia каде се додава и активност да фрлиш магија на некого.

Во книгата и Guy Kawasaki дава дефиниција за Enchantment каде што вели:

Јас го дефинирам Enchantment како процес на задоволување (усреќување) на луѓето со некој производ, услуга, организација или идеја.

Очигледно е дека е поврзано со задоволување, задоволство, усреќување, влијание врз луѓето, привлекување… Се она што на еден бизнис денес му е повеќе од потребно.

Но, да навлеземе малку во книгата.

Што е опфатено во книгата?

Она што особено ми се допадна е што авторот се обидува книгата да биде еден план, една водилка низ процесот на привлекување, шармирање, задоволување (enchantment) на потенцијални потрошувачи, колеги, соработници, шефови… Кога ќе ја погледнете содржината истата отсликува еден готов план кој е спремен за имплементација во бизнисот и животот на еден претприемач. На, мапата подолу е прикажана основната содржина на истата од која може да се забележи дека книгата е ориентирана кон превземање на акција, а не теоретски излагања кои не помагаат за излез од status quo ситуација.

Содржина на Еnchantment

Содржина на Еnchantment

Од мапата на сликата забележувате дека тоа се теми кои се постојано актуелни за еден бизнис и еден претприемач во денешните времиња.

Но секоја од овие теми се расчленети дури и до најситен детал со конкретни совети, препораки и иксуства кои ги презентира авторот.

Книга Еnchantment

Книга Еnchantment

За кого е оваа книга?

Првин намената на книгта не е само за претприемачи, туку и за сите оние кои сакаат да станат покорисни во сопствената заедница или во сопственото општество. Оваа книга не е класична книга за користење на социјални медиуми иако во одреден дел ги обработува и социјалните медиуми. Оваа книга дава некои основи за тоа како да се однесувате и во оној вистинскиот живот не поврзан со виртуелниот свет.

Затоа оваа книга може да се користи од страна на претприемачите како сегашни така и идни кои се подготвени да учествуваат во креирање на вредноста во заедницата во која живеат или работат.

Може да се користи и од страна на оние кои на било каков начин се занимаваат со маркетингот и сакаат производот или идејата полесно да ја распространат до оние до кои треба да пристигнат.

Во секој случај корисна книга од која може да се извлече големо знаење.

Инфографик за Enchantment

И за крај инфографик за Enchantment превземен од сајтот на Guy Kawasaki:

Enchantment Infographic

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*