post

Книга: Со содржина до потрошувачи

Книга: Со содржина до потрошувачи

Книга: Со содржина до потрошувачи

Само што завршив со читање на книгата Со содржина до потрошувачи (Get Content Get Customers) од Joe Pulizzi & Newt Barrett и би сакал да дадам краток преглед на истата.

Јасно е дека маркетингот и начинот на конекција на компаниите со потенцијалните потрошувачи и трансформација на истите во купувачи е променет суштински од самите корени. Дури и големите компании како Nike, Procter & Gamble, Johnson & Johnson, General Motors и многу други ги оставаат зад себе традиционалните закони на маркетингот (оние со чија помош ги изградија сопствените брендови) и се свртуват на една сосема друга страна.

Станува јасно дека содржината како маркетинг средство (без разлика дали станува збор за онлајн или офлајн содржина) започнува да игра се поголема улога во развојот на компаниите.  Нудење и притискање на потенцијалните потрошувачи да купат се смени во едукација и комуникација и следење на идната рекција. Токму и затоа ја гледам содржината на оваа книга како вредна, бидејќи едноставно аргументирано и преку примери ги докажува овие промени.

Што е опфатено во книгата?

Книгата е структурирана во 4 делови и 25 поглавја:

  • Дел 1: Справување со револуцијата на содржината како маркетинг. Во овој дел авторите ги објаснуваат основите зошто традиционалниот маркетинг ја губи вредноста на која што се базираше повеќе децении како и причините зошто се повеќе бизниси се свртуваат кон содржината како едно од најглавните маркетинг средства.
  • Дел 2: Како содржината да работи за вашиот бизнис. Едно од клучните поглавја во книгата се во овој дел бидејќи се објаснуваат елементите како креирање на mindset и процес во самиот бизнис за користење на содржина како маркетинг средство и избор на содржина која ќе биде во согласност со севкупната бизнис стратегија.
  • Дел 3: Учење од најдобрите – успешни приказни. Третиот дел е интересен бидејќи во него низ 16 поглавја се дадени 16 примери на реални компании кои во пракса го имплементирале оваа маркетинг средство како и резултатите од нивното вложување. Изненадувачки е што некои од компаниите дури се наѓаат во индустрија како црна металургија за кои постои мислење дека немаат многу што да користат како содржина.
  • Дел 4: Сублимирање на лекциите од 16-те компании. Ова е последен дел каде во книгата се сублимирни лекциите од примерите во претходните поглавја во една форм подготвена за примена од страна на бизнисите.

Интересна е формулата BEST која авторите ја опфаќаат и која е основа за имплементација на содржина како маркетинг средство.

  • Behavioral. Се што се комуницира со потрошувачите има одредена цел. Што сакате тие да направат?
  • Essential. Испорака на информација која навистина му е потребна на потенцијалниот купувач за да успее во работата или воопшто во животот.
  • Strategic. Сите напори за содржина мора да бидат интегрирани во севкупната бизнис стратегија.
  • Targeted. Содржината мора да биде таргетирана за да биде релевантна за потенцијалните купувачи.

За кого е оваа книга?

Како и секогш при вакви прегледи на книги сакам посебен дел да посветам за тоа за кого е нменета оваа книга. Првин, најкорисна ќе биде за сите претприемачи кои планираат да ја користат содржината како маркетинг средство.

Менаџерите на поголемите компании исто така ќе имаат корист бидејќи ќе можат да видат како практично да спроведат имплементација на процес на креирање на содржина наменета за потенцијалните и тековните купувачи.

Не може да се изостават и маркетинг агенциите кои веќе треба да креираат нов вид на услуги кои ќе се концентрираат на имплементација на содржина како маркетинг средство.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Ми се допајга

Speak Your Mind

*