post

Кога хобито станува бизнис

Сите имаме некаков вид на хоби. Децата имаат хоби. Возрасните имаат хоби.

Хоби наједноставно кажано претставува активност која постојано и постојано ја повторуваме, но не затоа што мораме да ја повторуваме, туку затоа што уживаме додека ја изведуваме таа активност. Некој игра шах, некој изработува рачно некои предмети, некој пишува, некој чита…

Но, интересно е што многу често хобито може да прерасне во вистински бизнис. Оној кој изработува ракотворби може да започне да ги продава на роднини и пријатели, тие да ги покажат на нивни други роднини и пријатели па да ја заголемат побарувачката на производот кој произлегува од обично хоби. И така се повеќе и повеќе да се зголемува побарувачката кога едноставно притисокот нема да дозволи веќе уживање. А, за да биде нешто хоби како што кажав погоре треба да претставува уживање за оној кој го има како хоби.

Па, тогаш што доколку вашето хоби полека, но сигурно прераснува во бизнис?

Одговорот е едноставен, бидете претприемач, започнете бизнис бидејќи едноставно станува збор за проверена работа.

Родители поддржете ги ваште деца во ваква ситуација, тие само ќе овозможат подобра благосостојба за вашето семејство, но и за општеството воопшто. Наставници, учители, професори, помогнете им на овие деца да го најдат патот на успехот, а не ги сопирајте во реализација на нивната визија затоа што се забележува нивниот послаб успех во учењето на вашите предмети бидејќи хобито прераснува во бизнис, тие ќе ви ја обезбедат платата во иднина.

Доколку пак вие сте потенцијален претприемач, преземете ја одговорноста, направете промена и искористете ја состојбата во која се наоѓате. Веќе имате купувачи, веќе имате побарувачка, веќе знаете што правите, веќе уживавте во тоа што го правите, па продолжете да уживате.

Но, што ако не успеам? Најголемата препрека кон успехот е токму оваа прашање кое е составен дел на секој потенцијален претприемач. Кога веќе вашето хоби станува бизнис вие сте веќе на половина пат од успехот, а кога веќе ќе навлезете во деловниот свет, нема враќање, ќе се борите за вашето бебе, ќе се борите за вашиот нов бизнис, за вашиот производ, ќе подобрувате постојано и ќе ја користите секоја можност која ќе се појави.

Но, имам сигурна работа. Втората причина што хобито иако полека, но сигурно прераснува во бизнис сепак не прераснува во вистински бизнис. Едноставно прашајте се што сакате повеќе. Сакате ли да продолжите да работите за вашиот шеф или сакате да изградите сопствена империја. Доколку не се гледате себеси во своја сопствена империја прекинете со хобито и најдете си друго. Но, доколку сакате да се изберете себеси, само напред, вашата одлучност, упорност и истрајност ќе ви обезбеди успех.

Ако сте еден од тие што имаат хоби кои ви овозможува некоја реализирана продажба, само напред вие имате шанса да го смените светот.

А, доколку стравот е посилен ви посакувам успешна соработка со вашите сегашни и идни шефови.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*