post

Кога ќе ве нападне конкуренција

На пазарот постои конкуренција поради ништо друго, туку поради тоа што вашите купувачи сакаат да избираат. Тие не се на пазарот поради вас, туку поради вашите тековни и потенцијални купувачи.

конкуренција

Да, вашите купувачи скааат да избираат, сакаат повеќе од една опција бидејќи знаат дека ако постои конкуренција и тие мора да избираат помеѓу повеќе опции ќе добијат подобра вредност за нив.

На таков начин, на пазарот сте вие, вашиот мал бизнис, вашите производи и услуги и вашата конкуренција, нивниот бизнис и нивните производи и услуги. Вие како еден претприемач логично е да сакате да преземете колку што можете повеќе од учеството на пазарот, но и вашата конкуренција исто така сака и навистина со сета сила работи да преземе колку што може повеќе од пазарното учество. Оваа е војна која никогаш не завршува и вие мора да бидете свесни дека конкуренцијата секогаш ќе се обидува да најде различни начини за да ве нападне вас како претприемач, вашиот бизнис и вашите производи и услуги.

Сега, што ќе треба да направите кога конкуренцијата ќе ве нападне со сите нивни најмоќни средства?

5 Тактики кога ќе ве нападне конкуренција

Да разгледаме некои тактики кои ќе ве подготват да се држите во таквите битки кога конкуренцијата ќе ве нападне.

  1. Mора да бидете спремни уште пред да се случи нападот. Пред било што друго, мора да бидете свеснид ека во секој момент можете да биднете нападнати од страна на вашата конкуренција. Понекогаш, нападот може да биде невидлив, кој нема да го почувствувате, но понекогаш може да биде навистина значаен со големи последици за вашата компанија. Понекогаш нападите може да бидат јавно објавени, но често пати може да бидат и необјавени. Затоа ќе имате потреба од навистина интелигентен систем кој ќе ви овозможи да го следите однесувањето на конкуренцијата и да донесете правилни одлуки кога станува збор за можни напади од нивна страна.

    Кога знаете дека можете да бидете нападнати во секој момент, лесно ќе можете да се подготвите со сите можни алатки и тактики кои ќе ги користите кога ќе се најдете во таква ситуација.

  2. Mора да одговорите на нападите со соодветни подобрувања во вашата компанија. Понекогаш можете да мислите дека ве напаѓаат затоа што сакаат да ве повредат, но во повеќето случаи доколку нападот е легитимен тоа е добар сигнал дека ќе треба да направите некои промени во вашата работа пред да започнете со контранапад. Ако ве нападнат во однос на вашите производи и услуги, подобрете ги производите и услугите. Ако нападот е поврзан со вашуте бизнис процеси, започнете со подобрувања на бизнис процесите.

    Вашиот најдобар одговор во вакви ситуации е да го подобрите вашиот бизнис, да биднете подобри од конкуренцијата која ве нападнала.

  3. Mора да преземете контранапад. Третата работа е контранападот. Кога ќе бидете нападнати, една од тактиките кои вашиот бизнис може да ги користи е да започнете со контранападот со кој би се обиделе да го одбраните вашиот бизнис за да преминете во нови победи. Нападот е најдобра одбрана, нели? И повторно, контранападот ќе ви донесе уште подобрувања за вашиот бизнис.

  4. Mора да бидете во близина на вашите купувачи. Бидејќи, кога конкуренцијата ќе нападне, тие едноставно сакаат да го намалат вашето влијание врз купувачите и вашата вредност во очите на вашите купувачи, ќе треба да одржувате навистина блиски односи со тековните и потенцијалните купувачи за вашиот бизнис. Оваа значи дека ќе треба да работите на градење и одржување на заедница околу вашиот бизнис. Тоа е заедница која секогаш ќе биде подготвена да ви помогне кога ќе бидете нападнати од страна на конкурентите.

  5. Mора да го проширите пазарот на кој настапувате. И да, како последно нешто е да започнете да размислувате за експанзија на пазарот за да додадете дополнителна вредност на тековните постигнувања што значи и раст на вашиот бизнис. Секогаш ќе постојат дополнителни можности надвор од тековниот пазар. На пример, доколку вашиот бизнис е локален бизнис, зошто да не биде национален, или пак доколку е национален, зошто да не биде регионален, или пак доколку е регионален, зошто да не биде глобален.

Прашање: Какви тактики користите кога конкуренцијата ќе ве нападне? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*