post

Koj e најважниот ден за претприемачот?

Според вас, како претприемач кој е вашиот најважен ден?

Дали е тоа денот на започнувањена бизнисот?

Дали е тоа денот кога сте ја направиле најголемата грешка?

Или пак тоа е денот кога сте ја договориле најголемата зделка? Или едноставно првата најслатка зделка?

Дали е тоа некој ден во иднина? Нешто што планирате да го постигнете во таа иднина?

Но, минатото не се менува и значајноста за денес и за иднината е се помала на некој ден од минатото, освен за паметење, раскажување, славење… Иднината пак сеуште не можеме да ја контролираме, освен да ја планираме.

Затоа и одговорот на сите претходни прашања е не, не се тие денови најважни за еден претприемач.

Договорените зделки се минато, и треба да се размислува за нивно продолжување. Бизнисот е веќе започнат и треба да се мисли за неговиот развој и раст. Грешките се веќе направени, сега кога веќе ги знаеме треба да ги исправиме или едноставно да ги елиминираме од картата на нивно појавување во иднина. Сеуште не знаете што се случува во иднината, само можете да планирате како би изгледала таа иднина.

Одговорот на прашањето од насловот на овој пост е едноставен, тоа е денес. И тоа секогаш, најважниот ден за еден претприемач е денес.

Зошто?

Затоа што денес е единствениот ден во кој можете да направите нешто. Во кој што можете да ги поправите грешките од минатото, да се подготвите за иднината и да ја промените иднината.

Минатото не можете да го промените, но она што го правите денес ќе го смени обликот на иднината.

Иднината не е акциски ориентирана, таа е само планирана, но повторно планирате денес, за утрешни активности.

Во денес се се врти околу “акција”. Eдноставно направете го она што треба да го направите, затоа што утре нема да можете да го испорачате онаа што треба да го испорачате без да го направите она што треба да го направите денес.

Нека биде денес најважниот ден во вашиот живот и ден во кој секогаш е почеток на остатокот од вашиот живот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*