post

Кој проект да има приоритет?

Како еден претприемач вие веројатно веќе имате забележано дека твојот бизнис е изграден на различни проекти кои ги превземаш и имплементираш.

Некои проекти успеваат, но некои пропаѓаат. Некои ќе донесат можности и пари, но некои едноставно го трошат твоето време и пари. Со некои од нив си среќен, но некои од нив те доведуваат во навистина фрустрирачка положба.

Знам колку фрустрирачки можат да бидат проектите кои едноставно пропаѓаат. Го имам почувствувано на сопствена кожа. Но, искуството и знаењето стекнато од проектите кои пропаднале ме прават посилен за да издржам на планираната траекторија до посакуваните цели.

Мојот мозок секојдневно, дури и на часови и моменти продуцира идеи за различни проекти кои може да се стартуваат. Сепак тие прво треба да завршат во фолдерот за идна анализа. Процесот на анализа кој го користам едноставно претставува оценување во однос на различни карактеристики на можниот проект за да се донесе конечна одлука, дали проектот заслужува да се имплементира или не.

Карактеристиките кои вообичаено ги користам се следниве:

Тестирање на проект 1. Потенцијал

Каков е потенцијалот на проектот? Дали е нешто што ќе придонесе добра состојба на мојот бизнис во иднина? Дали е нешто што ќе ја зголеми бизнис потенцијалната енергија? Дали е нешто што ќе донесе поголем профит на бизнисот?

2. Време за завршување

Колкаво време е потребно за да се имплементира проектот? Колку време е потребно за да се дојде до првите резултати? Колку време е потребно да се почувствуваат бенефитите од имплементацијата?

3. Ургентност

Дали проектот е ургентен за имплементација? Дали ќе има разлика доколку го започнам денес или во некој период во иднина?

4. Лесен за имплементација

Дали е лесен за имплементација или е нешто што ќе бара повеќе напори?

5. Трошоци

Колку ќе чини процесот на имплементација? Дали вреди да се имплементира?

Овие 5 карактеристики едноставно даваат доволно информации за да се донесе одлука за тоа што ќе следува со соодветниот проект од фолдерот за идна анализа. Доколку го помине тестот, проектот е спремен за имплементација. Но, доколку не го помине тестот, проектот оди во друг фолдер за нешто што не треба да се имплементира или најмалку не треба да се имплементира денес.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*