post

Колкав ризик можеш да толерираш: Има повеќе…

Овој пост е вториот дел од постот насловен како: колкав ризик можешда толерираш?

Во првиот дел, опфативме некои можни ризици кои постојат за тебе како потенцијален претприемач. На крајот, дојдовме до некои конкретни бројки за тебе како потенцијален претприемач за можните заработки за следните 10 години.

Математиката беше дека 2.000.000 денари повеќе доколку започнете сопствен бизнис. Овие резултати водат до логичен заклучок за тебе да започнеш бизнис бидејќи би заработил повеќе пари кога би започнал бизнис и би бил свој сопствен шеф.

Дали е исто како и корпорациска работа?

Пред да продолжиме со математиката би сакал да направиме една споредба помеѓу твојата тековна работа и идните активности како еден претприемач.

  • Кога работиш за некоја компанија се она што ти е потребно хартија и пенкала до тоалет хартија го имаш обезбедено од набавната служба. Има луѓе чија работа е да ги обезбедат најдобрите можни работни услови за тебе. Како и да е, во твојот бизнис, особено во фазата на започнување ти ќе бидеш лицето кое ќе треба да обезбеди се за твојот бизнис нормално да функционира. Затоа доколку планираш дека ќе работиш на иновативни работи во твојот бизнис, заборави, ќе треба да додадеш дополнителен еден час дневно за набавки на неопходни работи поребни за бизнисот.
  • Кога работев за поголем организациски систем секое утро и пладне добивав кафе од колегите кои чија работа беше да го направат и дистрибуираат кафето на вработените. Во бизнисот тоа не е случај, барем се додека е мал.
  • Во корпорации за твоето бизнис патување постои одделение или сектор кое ги процесира сите документи како карти, хотелско сместување, резервации, визи… Кога си сам свој шеф, во повеќето случаи ти ќе бидеш задолжен да ги завршиш сите тие задачи кога мора да одиш на деловно патување.

Добро, ова се само три можни случаи и споредби за некои задачи за тебе кога ќе станеш свој сопствен шеф, претприемач. Но, во реалноста тие се многу повеќе од три.

Што значи ова за тебе? Значи дека ќе мора да го зголемиш твоето работно време за неколку часа повеќе (барем во стартап фазата). Со повеќе одговорности, постои потреба од повеќе време.

Да продолжиме со бројките.

Да кажеме дека работиш 2000 часа годишно на твојата сегашно работно место и за 10 години ова изнесува 20.000 работни часови. Доколку продолжиме со заработката од примерот каде беше 4.000.000 денари за 10 години ти ќе бидеш платен 200 денари за еден час работа.

Во истиот пример твојот бизнис во следните 10 години ќе заработи за тебе 6.000.000 денари. Доколку овие дополнителни активности ти додадат само 10 часа повеќе работа на неделно ниво што претставува 520 часа повеќе на годишно ниво за 10 години ќе треба да работиш 25.200 часови. Во еден таков случај ти ќе заработуваш 238 денари за еден час.

Од овој пример забележуваш дека на часовна основа ќе заработуваш повеќе само 38 денари преку твојот бизнис.

Сега, што мислиш дали е вредно започнување на твој сопствен бизнис?

Ќе заработуваш повеќе пари, но ќе треба да вложиш и повеќе труд за тие при.

Ова е само еден приме, но она што е важно е дека ќе треба да направиш твоја сопствена калкулација кога одлучуваш помеѓу започнување на бизнис и останување на тековната работа.

Од друга страна постојат и примери на претприемачи кои успеваат да го менаџираат нивниот бизнис така што нивниот бизнис работи за нив, а не се тие кои се заложници на нивниот бизнис. Сепак, ова е еден мал дел на пример во реалноста.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*