post

Колку чекори има твојот продажен процес?

Често пати знаеме да ги комплицираме работите, дури и кога е непотребно.

Без разлика дали е тоа навика, досегашно искуство или пак нешто што по автоматизам го преземаме од другите процеси, усложнувањето во бизнис процесите не е добро и треба да се избегнува.

Едноставност, леснотија и брзина е она што се бара. Затоа, не комплицирајте кога нема потреба. Ќе го подобрите и вашиот и животот на вашите купувачи.

Дали ви се случило да нарачате нешто и да ви побараат дополнителни чекори кои би требало да ги преземете во самиот процес, а ги бара продавачот?

Продажниот процес претставува успех на претходните процеси во бизнисот. Доколку веќе некој стигне до овој процес, значи дека маркетинг процесот си ја завршил добро работата. Но, самото започнување на процесот без завршување не значи успех за претприемачот или бизнисот.

Во продажбата постои едно непишано правило:

Повеќе чекори во продажниот процес, помалку генерирани продажби и спротивно, помалку чекори, повеќе продажби.

Графикот подолу не се базира на анализа на конкретни податоци, туку служи само за презентирање на поентата на оваа непишано правило.

Чекори во продажен процес

 

Затоа анализирајте го вашиот продажен процес, проверете колку чекори се потребни и едноставно елиминирајте се што е непотребно за “нормално” затворање на продажбата.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*