post

Конечно нешто најблиску до моите email потреби

Пред една недела започнав еден нов процес кој е наменет конечно да пронајдам алатка за десктоп менаџирање на email. Сфаќајки ја значајноста на оваа средство за комуникација како и анализите во однос на мојата лична продуктивност и учеството во таа продуктивност на менаџирање на разни епораки морав веќе еднаш да го преземам овој чекор.

Можеби ќе прашате зошто? Секој ќе си помисли дека тоа е едноставна задача и многуте алатки кои се бесплатни ќе ја завршат работата. Но, сепак не е така. Еве и зошто.

Во досегашното мое искуство имам користено повеќе алатки започнувајќи од веб на Hotmail и Yahoo, потоа Outlook Express во раните денови, Microsoft Outlook, Thunderbird, па повторно онлајн долго време Gmail, па накрајот до пред десетина денови Apple Mail.

Сите тие се одлични алатки. Microsoft Outlook е навистина нешто про, но сепак моите лични сфаќања и потреби воопшто не се опфатени, барем за времето во кое живеам. Беше добар пред 4-5 години. Зошто? Затоа што денес користам многу различни алатки за кои ми треба интеграција со email клиентот кој го користам. На пример, иако интеграција со Evernote постои со препраќање на пораката до специјалната адреса која ја добивате во Evernote акаунтот, сепак бара кликнување на едно копче, па бирање на Evernote email за примател и кликнување на Send копчето, што за моите напори за зголемување на продуктивноста не е нешто практично. Да не зборуваме за креираната белешка и среденост на истата особено доколку има атачиран фајл…

Не е само Evernote, тука е и Dropbox кој како да станува стандард во користење (иако сеуште се размислувам за премиум план), потоа TextExpander…

Значи, сите горенаведени алатки не можат да ми се интегрираат во моите севкупни потреби.

Сакам интеграција со моите најкористени алатки, го сакам убавото од Apple и ги сакам функционалностите на Gmail како Important, можност на разни ознаки…

Многу сакам 🙂

Иако многу сакам тоа и го најдов (сеуште преобна верзија иако сум се поблиску до одлука за купување) – Postbox.

Postbox

Зошто сум толку блиску до одлука за купување на Postbox?

Затоа што со еден клик мојата порака ќе биде во Evernote средена со препознавање на атачиран pdf фајл и веќе средено OCR – оптичо препознавање на карактери што ми овозможува кога пребарувам во Evernote лесно да дојдам до се што ми треба. Тоа значи дека наместо 3 чекори имам само еден чекор. Тоа можеби изгледа смешно, но со еден куп на дневни активности сепак секоја секунда ми е значајна, а Evernote претставува носител на многу мои работи што ќе го опишам во следниот наслов (најверојатно утре).

Апликацијата е целосно социјално опремена што во секој случај го заменува Rapportive од Gmail.

Обезбедува одличен фокус и целосно се имплементирани елементите од GTD системот за продуктивност кој го користам. Оваа значи дека имам можност да подесам разни контексти на пораките кои нема да бидат избришани заради полесно снаоѓање. Оваа особено се однесува на оние кои бараат некоја акција од моја страна.

Апликацијата иако има интегрирано систем за менаџирање на “да направам” листа сепак, јас таа функционалност не ја користам и мислам дека нема да ја користам никогаш. Имам лошо искуство од Microsoft Outlook, а од друга страна овие додатоци во email клиент не се онаа што треба да бидат и тоа ми е мешање на баби и жаби што е контрапродуктивно. Тука OmniFocus продолжува да ја одигрува клучната улога. Единствено оваа опција ја најдов корисна за означување на епораки како “to-do” кога треба да одговорам, но немам веднаш време, а да не заборавам или пак да не се мачам да ја барам пораката тие се секогаш први на листата се додека не ги одчекирам.

Во секој случај, ме изненадија функционалностите и ме доведоа до размислување на прашање како сум можел да живеам и работам порано. Можеби подетално ќе ги опишам функционалностите во некој од следните постови, доколку има потреба, сепак сеуште ги проучувам можностите кои ми се на располагање (имам уште 20 денови за проба и одлука).

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*