post

КОНКУРЕНЦИЈА – ЗЛО ИЛИ МОЖНОСТ

За конкуренцијата посојат различни мислења. За некои бизниси таа може да биде зло, а за некои можност што му дава конкурентска предност на бизнисот. Но, едно е јасно, конкренцијата не му дозволува на претприемачот да заспие, го одржува буден, а тоа го носи равојот на бизнисот. Така бизнисот не е досаден и не се губи желбата за работа и успех.

Да земеме еден пример. Вие сте претприемач кој немате конкуренти. Вие сметате дека сте го оствариле врвот во вашата индустрија. Но, дали е тоа така. Каков е тоа врв доколку не се споредите со некој. Така да само ќе бидете во заблуда дека сте го оствариле врвот. Во пазарна економија, пазарот е отворен за влез на нови бизниси. Првиот што ќе влезе на Вашиот пазар, доколку добро ги увидел Вашите слабости ќе Ве уништи. Така да од фиктивен врв спаѓате на реално дно. Но, доколку додека се наоѓате на фиктивниот врв размислувате за можните конкуренти секој вез ќе го дочекате спремно. Така да од фиктивен врв ќе отидете на реален врв.

Да земеме друг пример. Вие сте претприемач кој имате многу конкуренти. Некои се подобри од Вас, а некои послаби. Се наоѓате на средината на скалата на успешност. Вашата цел е да сигнете на врвот и постојано ќе ги проучувате слабостите на конкурентите што се пред Вас и на оние што се зад Вас. Со тоа постојано ќе се подобрувате и ќе ја зголемувате предноста кон оние што се зад Вас, а ќе ја намавате предноста на оние што се пред Вас. За одреден временски период, доколку Вашите чекори во подобрување се вистински ќе стигнете на реалниот врв. 

За да отидете на реален врв стратешкото планирање е тоа кое ќе ви помогне. Со сратешко планирање вие ги проучувате Вашите конкуренти, и во нивните слабоси ги гледате Ваште можности. Така, сконцентрирајте се во откривање на слабостите на Вашите конкуренти и претворете ги во Ваши можности. А, од друга страна сите ваши слабости елимнирајте ги. Toa е SWOT анализа која ќе ви даде конкурентска предност и конкуренцијата ќе ја гледате како можност.

ПРОЧИТАЈТЕ ЗА:

ОСНОВИ НА SWOT АНАЛИЗА

ПРАШАЛНИК ЗА SWOT АНАЛИЗА

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Ui41OC That’s really tihinkng out of the box. Thanks!

Trackbacks

  1. […] други фактори кои влијаат на бизнисот. Влијанието на конкурентите на работењето на еден бизнис е многу значајно. […]

  2. […] се концентрира особено во слаби економии како нашата. Конкуренцијата секогаш ќе биде присутна. Иако може некои бизниси да […]

  3. […] ќе им го понуди на купувачите на пазар на кој постои конкуренција. Сигурно и некој пред вас започнал сличен бизнис и […]

  4. […] денес и најиновативниот производ брзо добива своја конкуренција (дури може да се каже и подобрена […]

  5. […] сакате да бидете пред конкуренцијата во секој бизнис аспект и затоа мора да знаете што […]

Speak Your Mind

*