post

Прикажување на Корисноста Наместо Карактеристики

Една од грешките што еден претприемач ги прави во сопствените маркетинг средства е прикажување само на карактеристиките на неговиот производ или услуга или пак на неговиот бизнис. Како и да е потенцијалните потрошувачи не сакаат да знаат за карактеристиките, тие сакаат да знаат за корисностите што ќе ги добијат од твојот бизнис.

Корисности наместо Карактеристики

Да бидеме реални, вообичаено луѓето не ги интересира што Вие или пак Вашиот бизнис правите. Единствената работа што ги интересира е што Вие можете да направите за нив.

Најпросто кажано корисноста е едноставно одговарање на прашањето: Што има тука за мене?

Подолу е една листа на основните чекори кои ќе мора да ги спроведете за да ги извлечете корисностите од карактеристиките кои веќе ги имате.

1. Запознај ги сопствените потрошувачи

Познавање на нешто што е примарен фокус на секој претприемач е најважната работа за успешноста на бизнисот. Анализирај ги твоите сегашни и потенцијални потрошувачи. Најди колку што можеш повеќе информации за нивните однесувања, желби и проблеми. Разговарај со нив за она што тие го сакаат, и она што го посакуваат. Можноста на анкета како средство на прибирање на оваа знаење е огромна и искористи ја.

2. Бидни твој потенцијален потрошувач барем за еден момент

Кога ги познаваш твоите сегашни и потенцијални потрошувачи ќе можеш да ја заземеш нивната позиција и нивното гледиште. Запрашај се себеси и одговори на следниве прашања:

  • Што е тоа што јас навистина го сакам?
  • За што „гладувам“?
  • Кои се моите проблеми?
  • Како можам да ги решам тие проблеми со мојот производ или пак услуга?
  • Што има тука за мене?

3. Извлечи ги сите корисности од карактеристиките

Секоја карактеристика има одреден тип на корисност за потенцијалниот потрошувач. Главната разлика помеѓу карактеристиката и корисноста е начинот на изразување на истите. Една карактеристика може да има повеќе корисности за еден или повеќе потрошувачи. Понекогаш една карактеристика ќе има корисност за еден тип на луѓе додека за другите ќе нема корисност. Поради тоа важно е Вие како претприемач да знаете која карактеристика за кој тип на луѓе има корисност и да ги искористиш овие откритија за да ја подобриш сопствената маркетинг кампања. Еве некоја помош за тоа како да ги извлечете корисностите од карактеристиките:

  • Направи листа на сите карактеристики кои ги има твојот производ, услуга и бизнисот.
  • Направи табела со три колони. Во првата колона ќе бидат наведени карактеристиките, во втората колона ќе бидат наведени корисностите и во третата колона ќе бидат наведени соодветниот тип на луѓе за кои постојат тие корисности.
  • Направете Brainstorm сесија за да дојдеш до колку што можеш повеќе корисности.

Бизнисот е повеќе за нив (потрошувачи), а не за Вас. Повеќето од маркетинг кампањите започнуваат со:

  • Нашиот бизнис ќе…
  • Ние ќе…
  • Нашите производи…
  • Ние нудиме…

Премногу „егоистички“. Размислете на оваа наместо на претходните:

  • Вие ќе…

4. Рангирај ги корисностите согласно важноста за потенцијалните потрошувачи

Вашиот бизнис, Вашите производи и Вашите услуги имаат еден куп на карактеристики и корисности. Но, некои корисности се поважни од останатите. Некои корисности се важни за еден тип на потрошувачи додека сосема неважни за друг тип на потрошувачи. Поради тоа мора да ги рангирате корисностите во согласност на нивната важност за различен тип на потрошувачи или различен сегмент на пазарот. На ваков начин ќе имате листа на најважи корисности кои ќе бидат нагласени различно во различни маркетинг кампањи за различен сегмент на пазарот кој е таргетиран од Вашиот бизнис.

5. Објасни ги наративно најважните корисности

Една важна работа која често се заборава е начинот на комуницирање на Вашите корисности со потенцијалните потрошувачи. Поради тоа препорачливо е да направите неколку наративни објаснувања за најважните корисности дефинирани во претходниот чекор. Некои од овие објаснувања ќе бидат одлични, но некои нема да даваат резултати. Вашата задача како претприемач ќе биде да ги мерите и менувате изгледот и звукот на тие наративни објаснувања кои ќе бидат содржани во Вашите маркетинг кампањи.

6. Користи ги корисностите наместо карактеристиките со едно око насочено кон резултатите

Ова е последниот чекор во процесот. Сега веќе ги имате развиено сите корисности со различни варијации на нивно комуницирање, па можете да започнете со нивното користење во сите Ваши маркетинг кампањи. Како и да е, ова е процес кој никогаш не завршува, бидејќи секогаш морате да ги следите резултатите и да направите соодветни прилагодувања во некој од претходните чекори.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] концизна и поткрепена со факти при што се покажуват полезностите од користење на производот или […]

  2. […] кои нудат слични производи и/или услуги со слични карактеристики и корисност за потрошувачите тогаш Вашата конкурентска моќ ќе биде мала. Од друга […]

  3. […] некоја корисност за сите оние кои ќе реагираат на Вашиот повик во […]

  4. […] Можеби беше во стилот Ние, Ние и само Ние. Каде е тука корисноста, што има тука за мене, што ќе добијам јас како […]

  5. […] збор за слика размислете како истата ќе ги покаже корисностите на она што Вашиот бизнис го нуди на потрошувачите. Ова […]

  6. […] [Име на бизнисот] постои заради [проблем кој бизнис идејата го решава] за [целен пазар] при што ќе обезбеди [производи и/или услуги] со помош на [предност на вработени или на бизнисот во однос на конкуренцијата] за [поволност која ќе ја добие потрошувачот]. […]

  7. […] база на податоци за да следите што Вашите потрошувачи Ви кажуваaт за Вашиот […]

  8. […] Кои се најголемите разлики помеѓу нашиот бизниси конкурентите во термин на корисности за потрошувачите? […]

Speak Your Mind

*