post

Кризи во транснационални компании

Рецесија или криза, означува пад на стопанската активност, раст на невработеноста, нестабилност на домашната валута и ред други негативности.

Рецесијата може да се јави во било која држава на било кој континент. Кризата најчесто настанува поради лошите економски потези на владите (поради сопственото незнаење или поради остварување на сопствените интереси) или поради влијание на меѓународни или домашни субјекти, поради тоа што новите технологии или индустрии не можат да продуцират зголемени профити и создавање на нови работни места, поради одливот на капитал и слично.

Одливот на капитал се случува кога вредноста на домашната валута брзо паѓа поради хиперинфлацијата, лошите економски перспективи на земјата, лошите политички или воени случувања и слично, па домашните и меѓународните инвеститори го повлекуваат свој капитал во други земји, каде нивниот капитал би бил подобро чуван и зголемуван. Доколку економската состојба е лоша во една земја, тоа веднаш се рефлектира на работењето на компанијата.

Рецесијата може да се надмине на три начина:

  1. Намалување на цените и отпуштање на работниците, односно со намалување на трошоците за да производите станат конкурентни (болна варијанта).
  2. Девалвација на сопствената валута, со што ќе се намали цената, ќе се дестимулира увозот, а ќе се стимулира извозот.
  3. Остварување на економска соработка помеѓу две или повеќе земји.

Една од подраматичните кризи се случи во периодот помеѓу двете светски војни во САД и Германија, таканаречената Голема депресија. Чести се економските кризи во Јужна Америка поради намалениот прилив на финансиски средства, како и поради намалување на цените на извозните артикли. Кризите особено силно се изразени поради големината и во земјите како што се Аргентина, Бразил, Мексико.

Со паѓање на Берлинскиот ѕид почнува постепено рушење на Источниот блок, при што социјалистичките земји се обидоа да се трансформират во капиталистички. Односно тие земји влегоа во една фаза наречена транзиција.

Поради низа лоши потези, овие земји имаа пад на бруто националниот приход и до 60 %. Најдобро помина Кина, која иако беше во социјалистичкиот блок, поучена од негативното искуство од земјите со слично општествено уредување, постепено го комбинираше пазарното и планското работење, затекнато од социјалистичкиот систем, со што обезбеди функционирање на свое стопанство, избегнувајќи ги наглите падови, а применувајќи одредени капиталистички методи на работење, комбинирано со евтина работна сила, остварувајќи дури и економски подем.

Стопанските проблеми се случуваа и во Западна Европа, при што неколку пати е евидентиран помал степен на рецесија. Најголемата криза во Југоисточна Азија, придонесе одредени валути 1998 год. да девалвираат и до 70 %. Оваа криза означи крај на хипер развојот на “азиските тигри”. Капиталот кој до тогаш пристигнуваше во овие подрачја почна нагло да бега. Кризата зафати голем број на земји, па Г7 и ММФ за кризата ја обвинија Јапонија, иако и самата беше зафатена со криза и доживеаја негативна стапка на раст. САД долг период ја одбегнуваа кризата, се до пред некое време, кога поради хипотекарната криза неколку големи банки отидоа под стечај, а државата мораше во стил на долго критикуваниот социјалистички систем, директно да влезе со капитал на даночните обврзници, за да се стопира понатамошното разгорување на кризата. Оваа криза се чувствуваше во сите земји и овозможи уште појасно да се согледа големината на постигнатата глобализација, односно меѓувлијанието на светските економии.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*