post

Лична анализа на вашиот бизнис

Од овој месец како дел од нашите напори премиум претприемач 2.0 да биде навистина еден постојан виртуелен консултант за вашиот бизнис започнуваме со месечна лична евалуација на конкретни бизниси на премиум членови.

Оваа е одлична шанса за сите премиум членови во која ќе добијат еден експертски и конструктивен фидбек за сопствениот бизнис како и можност да ги следат чекорите и да го подобрат бизнисот.

Во целиот овој процес ќе се обидеме во текот на членство барем еднаш да имате ваква можност, што пак ќе зависи од бројот на апликации кои ќе бидат поднесени. Но, и да не бидете избран некој во овој првиот круг предноста ќе постои за во следните кругови.

Како функционира процесот?

Едноставно, започнува со пополнување на апликација на следниов линк. Во апликацијата се барани податоци (информации) за бизнисот и е активна од денес до следната среда. Откако ќе ги избереме учесниците во анализата само на нив ќе им се прати подетален прашалник кој откако ќе го пополнат во предвиден рок ќе следува анализа од наша страна. По завршување на анализа ќе изготвиме детален извештај и акциони чекори како план за подобрување на бизнисот.

Предмет на разгледување ќе бидат следниве подрачја:

  • Бизнис процеси
  • Маркетинг процеси
  • Интернет маркетинг процеси
  • Продажни процеси

Од друга страна, апликацијата содржи и прашање за согласност по завршување на анализата да се обезбеди видео презентација на истата за останати членови. Доколку одговорот е потврден, тогаш по завршување и доставување на извештајот со конкретни чекори ќе следи и споделување на видео презентација заради обезбедување на континуирано учење на останатите премиум членови и активно учество на останатите со дополнителни предлози за подобрување.

Оваа претставува еден крупен чекор и иновативен начин на обезбедување на висококвалитетни услуги од наша страна.

За да бидете дел од овој процес мора да бидете премиум член на претприемач, апликацијата е видлива само за премиум членови.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*