link

5 Начини да ja подигнете вашата мотивација

5 Начини да ja подигнете вашата мотивација

Мотивација – Извор: Inc.

Вашата мотивација во бизнисот како еден претприемач е клучен аспект за да дадете се од себе за вашата визија, односно вашата бизнис идеја да биде дел од навистина една успешна приказна. Ќе има падови, станувања, повторно падови, размислувања за откажување, разочарувања… Но, вашата мотивација е клучната карактеристика на успешни претприемачи. Во овој текст се дадени пет навистина едноставни, но корисни совети за тоа како да ја подигнете вашата сопствена мотивација и да останете мотивиран како еден претприемач.

Советите се презентирани како што се, а коментарите се мои.

  1. Секогаш дејствувајте врз основа на специфично определена цел. Мора да знаете зошто го правите онаа што го правите, односно да бидете целосно свесни за тоа што ќе постигнете кога ќе ја реализирате целта. Тоа знаење, односно таа свесност ќе биде вашиот главен мотивациски фактор за да дејствувате во насока во која треба да дејствувате.
  2. Преземете ја целосната одговорност за вашите сопствени резултати. Најлесно е да окривиме некој друг за нашиот неуспех. Но, сепак одговорноста ја сносиме ние, и колку побргу се освестиме да ја преземеме одговорноста и да научиме нешто од сопствениот неуспех, толку побргу ќе го дефинираме и креираме патот кој води кон успешноста.
  3. Не чекајте ја перфекцијата, едноставно преземете акција веднаш. Веќе повеќе пати пишував на претприемач дека перфекционизмот е еден од најголемите непријатели на потенцијални успешни претприемачи. Морате да се изборите со оваа зло. Едноставно започнете со преземање на акции и прилагодувајте го вашето дејствување согласно првите резултати од вашите акции.
  4. Јадете паметно бидејќи успехот бара енергија. Овој совет е интересен совет кој никогаш не сум го земал во предвид иако во последно време се обидувам да научам нешто повеќе за квалитен начин на исхрана. Држи вода дека постигнување на успех бара енергија, а енергијата во голем дел ја постигнуваме преку храната која ја јадеме.
  5. Обезбедете да бидете опкружени со високо мотивирани луѓе. Оваа сум го искусил на сопствена кожа. Навистина слободно можам да кажам дека мотивацијата е нешто што е преносно од еден на друг. Доколку се наоѓате со немотивирани луѓе многу е веројатно дека и вие ќе бидете немотивиран, доколку се наоѓате во друштво со високо мотивирани луѓе и вашата мотивација ќе биде на доста високо ниво.

Прашање: Дали вие имате искуство или совет за тоа што најмногу ја подига вашата мотивација? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*