post

Магазини – Маркетинг Средство 27

Магазините се маркетинг средство 27 во овој турбо серијал од маркетинг средства на претприемач. Овој напис нема да биде долг бидејќи голем дел на работите кои се однесуваа на весниците како маркетинг средство (26-то) се применуваат и за магазините. Оваа 27-мо маркетинг средство се однесува на магазини како офлајн маркетинг средство, што значи дека тука нема да стане збор за онлајн магазините.

Што се тоа магазини?

Магазините се еден вид на весници изработени поквалитетно во однос на хартијата и бојата и се објавуваат периодично во вид на неделни или пак месечни магазини, кои содржат повеќе артикли од одредена проблематика и се финансираат врз основа на продаден рекламен простор и самата продажба на истите.

Се чини дека магазините сеуште држат до својата популарност во однос на весниците како маркетинг средства.

Можат да се забележат следниве карактеристики на магазините:

  • Висок квалитет на изработка
  • Насочени кон одредена тематика
  • Повеќе артикли од иста тематика
  • Поголема долготрајност (недела или пак месец)

Избор на магазин како маркетинг средство

Кога станува збор за избор на одреден магазин кој претприемачот ќе го користи како маркетинг средство повторно ќе се навратиме на апсолутниот и релативниот трошок со истите елементи за пресметка. Еве го примерот од весниците:

Да земеме два бренда на весници Х и У. Весникот Х има тираж од 25.000 примероци и наплаќа по 10.000 денари за одредена порака на одредена страна и позиција на страната. Весникот У има тираж од 20.000 примероци и наплаќа по 12.000 денари за одредена порака на одредена страна и позиција на страната. Профилот на читателите на овие весници е:

  • 20% од читателите на Х се потенцијални потрошувачи.
  • 35% од читателите на У се потенцијални потрошувачи.

На прв поглед би го избрале весникот Х бидејќи има понизок апсолутен трошок и поголем тираж. Но да видиме како стоиме со релативниот трошок:

Х У
Тираж 25.000 20.000
Процент потенцијални потрошувачи 20% 35%
Број на потенцијални потрошувачи 5.000 7.000
Апсолутен трошок 10.000 ден. 12.000 ден.
Релативен трошок 2 ден. 1,71 ден.

Забележувате дека е подобар весникот У бидејќи цената за просечен потенцијален потрошувач е помала во однос на весникот X. Секогаш правете ја оваа анализа при избор на медиум, не само весник туку било кое маркетинг средство. Повеќе за овие пресметки и избор на маркетинг средство во посебен наслов за маркетинг средства.

Начинот на пресметка кај магазините е истиот.

При изборот на соодветен магазин би додал уште еден елемент кој би требало да одигра голема улога уште пред да започнете со пресметката а тоа е пазарната ниша на која е насочен магазинот. Доколку Вашиот бизнис е насочен кон тинејџери ќе користите магазини кои ја обработуваат тематиката за тинејџерите. Доколку продавате козметички производи ќе користите магазини во стилот на „Убавина и здравје“.

Предности и недостатоци

Како предности на магазините би ги издвоил следниве:

  • Високо таргетирани читатели – Магазините се читани од одредена група на луѓе за кои се наменети согласно тематиката која ја опфаќаат.
  • Голема географска опфатност – локален, национален и глобален пазар.
  • Квалитет – Квалитетот е навистина одличен со различни слики и графици во боја како и одличен квалитет на хартија во споредба со весниците.
  • Подолг животен век – Во однос на весниците, магазините имаат подолг животен век што значи дека се купуваат еднаш а се читаат цела недела или пак месец. Со тоа и веројатноста дека Вашата маркетинг порака ќе биде забележана е поголема.

Како недостатоци би ги издвоил следниве:

  • Високи трошоци – Заради квалитетот и високотаргетираните читатели трошоците се доста повисоки во однос на весниците.
  • Помала флексибилност – не може секојдневно да настапуваме со нова порака.
  • Премногу пораки – Се повеќе магазините се пренатрупани со пропагандни пораки. Ова е поради фактот што финансирањето на овие медиуми во голем дел се базира на изнајмување на рекламен простор.
  • Тренд на губење на читатели – На светско ниво трендот е намалување на продажба и тиражот на магазините, што секако дека ќе дојде и кај нас.
Сликата од engineroomblog
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*