post

Малите бизниси и улогата на големи податоци во развојот

Како тема за следната подкаст епизода која ќе биде објавена во понеделник (10.06.2013) на подкастот насловен како “претприемачки пат” се одлучив да биде “Големи податоци и малите бизниси”.

Оваа тема е е интересна заради повеќе аспекти на работењето на малите бизнис во денешни услови, но и за во иднина. Очигледно е дека податоците стануваат еден од најзначајните ресурси за компаниите, оние кои имаат големи податоци, но и кои ги користат тие податоци заради креирање на знаење ги претставуваат денешните победници. Од друга страна развојот на технологијата и можноста за брзо процесирање на огромна количина на податоците, но и достапноста и за обичните луѓе на таа технологија овозможуваат денес и малите бизниси да ја искористат моќта на големите податоци.

Доколку сакате да бидете дел од оваа епизода, слободно можете да поставите прашање преку гласовна порака која ќе биде вметната во епизодата или пак преку контакт форма кое ќе биде прочитано и одговорено во текот на епизодата. Прашањата можете да ги поставите преку страната за прашања за подкастот.

Во оваа подкаст епизода ќе зборуваме за

  1. Каде се наоѓаме денес во поглед на големите податоци?
  2. Кој е најголемиот проблем за малите бизниси?
  3. Кои се изворите на големи податоци кои малиот бизнис може да ги користи?
  4. Што е со несреденоста на големите податоци?
  5. Кога веќе знаеме каде се податоците, што со нив?
  6. Што е со визуелизацијата и аналитичноста?
  7. Како за крај уште еден доказ за целосна промена на основните теории на кои се базира економијата и вреднувањето на компаниите.

Доколку сакате нешто друго да биде вклучено во оваа епизода можете да поставите прашање (гласовно или писмено преку контакт форма) на страната за подкаст прашања.

Доколку пак сакате некоја тема да биде вклучена во следните епизоди на подкастот “претприемачки пат” слободно дајте предлог преку коментар на овој пост.

Сите епизоди на подкастот “претприемачки пат” можете да ги следите и преку iTunes.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*