post

Маркетинг план и прашања кои треба да се одговорат

Маркетинг Минатата недела напишав за имплементација на маркетинг планот. Не е важно за каков бизнис станува збор, едно нешто е сигурно, а тоа е дека секаков бизнис се наоѓа во маркетинг бизнис. Ова е поради фактот што денес помеѓу маркетинг активности на еден бизнис и самиот бизнис не мора да постојат други ентитети.

Бизнисот има потенцијал и секако можности сам да креира сопствени маркетинг платформи за свои потреби. Може да креира сопствени комуникациски канали. Може да креира сопствени дистрибутивни канали. Во минатото ова беше невозможно.

Затоа сметам дека за да се успее во исполнување на целите поставени пред маркетингот за еден бизнис, кои пак овозможуваат остварување на глобалните бизнис цели мора да се користи маркетинг план. Но, повторно формата не е важна. Тој план може да биде обична сликичка или график. Може да биде обична табела. Може да биде на лист хартија, салфетка, електронски документ… Она што е важно е да ги одговори основните прашања од кои ќе зависат активностите.

Зошто?

Доколку овој план е една сликичка во која прецизно се дизајнирани сегментите на “маркетинг инката”, односно сегменти низ кои ќе поминува еден интересент до конверзија во купувач, повторувачки купувач или пак т.н “маркетинг партнер” лесно ќе можеш покрај секој сегмент да ги означиш активностите кои твојот бизнис ќе ги презема врз тој сегмент, како и целите кои сакаш да ги оствариш.

Најважно е преку маркетинг планот да го дизајнираш маркетинг процесот. Секој процес во твојот бизнис има одредена цел – излезен резултат. Тој процес ќе биде содржан од повеќе активности. Но, процесот може да биде комбинација од различни активности при што ќе произведува различни резултати. Како еден претприемач, твојата цел е постојано подобрување на тој процес. А, како може да го подобруваш доколку немаш еден системски приод во градење и подобрување на тој процес. Токму тука твојот маркетинг план може да одигра голема улога – го гради процесот, и истовремено при имплементација го подобрува процесот.

Ова може да го претставиме и математички кога веќе зборуваме за процеси и системи:

y = f(x) каде y e резултатот, додека f(x) претставува процес кој е функција од повеќе активности (x).

Кога имам функција, имам математички методи и техники, ќе можам лесно да го анализирам и подобрувам процесот. Финтата е секогаш да го зголемувам излезниот резултат (y) со комбинација на активностите во процесот (x). Но, во оваа функција недостасува нешто, а тоа нешто ќе го зборуваме во некој од следните постови. Важно е да се имплементира еден системски пристап во градење на еден маркетинг процес во твојот бизнис. Запомни, дека ова може да биде и еден од најважните процеси во твојот бизнис.

Тука нема да одам да ги објаснувам накратко прашањата, најверојатно во некои други прилики ќе ги обработиме подетално бидејќи не сакам да одам со кратко објаснување од една до две реченици. Сакам овој пост да биде основата на развој на еден поразличен пристап кога станува збор за маркетинг (всушност идејата се роди додека го пишувам постов), пристап кој целосно ќе го смени начинот на кој размислувате или го практицирате маркетингот, пристап базиран на науката и практиката, не на интуиција.

Да одиме со прашањата на кои треба да одговори еден маркетинг план.

Како ќе се објавуваат постовите со овие прашања така и ќе го ажурирам овој пост со линкови до тие постови.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*