post

Маркетинг план: Кои се очекуваните резултати од активностите?

Маркетинг план Полека, но сигурно стигнавме и до последното прашање на кое треба да даде одговор еден маркетинг план. Тоа прашање се однесува на резултатите. Прашање кое иако претставува тактичко прашање сепак има дел и од стратешкото во себе.

Оваа прашање има за цел да даде вовед во повторување на целиот процес. Оваа прашање има за цел да овозможи мерење на резултатите од процесот.

Ништо не е идеално. Се може да се подобри. Не смееш да се вљубиш во твојот план, не смееш да се вљубиш во актуелниот процес кој штотуку си го дизајнирал. Доколку те обземе љубовта, паѓаш. Губиш. Нема спас. Мора постојано да го подобруваш процесот. Мора постојано да мислиш на подобрување дури и да си најзадоволен со тековните резултати.

Ти си претприемач, и најзадоволен си не кога постигнуваш резултати, туку кога можеш да подобриш нешто. Кога сите гледаат успех, ти гледаш можност за поголем успех. Како и во се останато кога станува збор за бизнисот, истото се однесува и на маркетингот. Затоа овој твој план, всушност претставува план за континуирано подобрување. Затоа, ако добро си го разбрал серијалот, ова не е еден темплејт, не е Х чекори за успех или Х чекори за изработка на маркетинг план. Ова е еден процес за континуирано подобрување. Дали ќе го следиш, останува на тебе.

Веќе ги имаш дизајнирано тактиките, односно активностите кои треба да ги постигнеш, а следното е да знаеш како сека активност ќе даде доприност во исполнување на целите (првото прашање на кое одговори во овој маркетинг план).

Ако однапред не го знаеш посакуваниот резултат, нема да знаеш ниту како да го подобриш, ниту дали си постигнал успех, ниту кои се причините за успехот или неуспехот.

Едноставно, твојот маркетинг план со додавање на очекуваните резултати од секоја активност претставува основа за мерење на севкупниот процес. Сакаш 1000 нови лајкови на Facebook страна, си реализирал 900, дали тоа е успех или неуспех. Зошто е неуспех, ако е неуспех? Која е причината за тој неуспех? Зошто се случило такво нешто? Дали нешто е лошо испланирано? Може ли да се подобри во наредниот циклус?

Тоа се прашањата на кои ќе бараш одговор и чии одговори ќе ги имплементираш во следниот циклус на планирање.

Останатите постови од овој серијал за маркетинг план:

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*