post

15 Маркетинг Совети за 2010 година

Полека но сигурно поминува и оваа 2009 година. Претприемач постои веќе една година, а како вчера да започнав да пишувам блог написи за трендови кои ќе не очекуваат во 2009 година. Претходниот напис опфаќаше совети во однос на некои активности кои би требало да ги започнете во 2010 година.

маркетинг средства за 2010 година на претприемач

Овој напис едноставно ќе претставува едно сублимирање на се она што на некој начин го опфативме во делот на маркетинг на претприемач во 2009 година.

1. Гради листа

Листа со тековни купувачи и потенцијални потрошувачи претставува една моќна алатка на секој претприемач во поглед на маркетинг активностите за сопствениот бизнис. Како едно од маркетинг средства градење на листата ја опфативме во Маркетинг средства 12 – Гради листа. Еден од 10-те бизнис темплејти од претприемач претставува токму една форма која можете да ја искористите за градење на сопствена листа.

2. Сегментирај ја листата

За подобро спроведување на маркетинг активностите пожелно е да ја сегментирате листата. Сегментацијата можете да ја извршите врз основа на некои карактеристики на членовите во листата како на пример, пол, значајност, потенцијални потрошувачи и купувачи…

3. Биди еден чекор поблиску до твоите потрошувачи и еден чекор пред конкуренцијата

Едно правило за секој претприемач е основната цел да му биде да биде еден чекор поблиску до потенцијалните и тековните купувачи, а секогаш да биде еден чекор пред конкуренцијата. Се она што го правите погледнете го низ призмата колку тоа нешто ќе ве доближи до потенцијалните и сегашните купувачи.

Од друга страна постојано анализирајте ја конкуренцијата и најдете ги нивните слабости, однос што е тоа што тие го прават на полето на маркетингот, а што е тоа што не го прават. Сето она што го прават тие, направете го и вие само подобро, а сето тоа што тие не го прават едноставно Вие направете го.

4. Направи едноставен маркетинг план

Една од најголемите грешки што еден претприемач ги прави во поглед на маркетингот согласно Jay Conrad Levinson (таткото на герила маркетингот) е шт немаат маркетинг план, а се обидуваат да спроведуваат маркетинг активности за нивниот бизнис. За изработка на едноставен маркетинг план можете да прочитате во Маркетинг план во 7 едноставни реченици.

Доколку пак сакате да изготвите маркетинг план согласно „правила и прописи“ или како уште го нарекувам маркетинг план од учебници, прочитајте во Маркетинг план како дел од бизнис планот.

5. Обврзи се на тој маркетинг план

Необврзувањето кон тој маркетинг план кој ќе го изработите е уште една грешка која ја потенцира Jay Conrad Levinson. Кога нешто ќе испланирате едноставно мора и да го спроведете. Можете да прочитате некои идеи како Вие како претприемач и Вашите вработени да се обврзете на тој маркетинг план во Дополнувања за маркетинг планот.

6. Ажурирај ја твојата веб страна

Доколку имате веб страна на која го презентирате Вашиот бизниси отворете ја и погледнете од кога не сте ја ажурирале. Дококу одговорот е една, две или три години и повеќе, веднаш ажурирајте ја. Додадете кои се новите производи или пак услуги што ги нудите. Сменете го делот Copyright 2005, на пример. Ажурирајте ги контакт деталите, ставете Skype контакт детали, e-mail, GoogleWave детали за сорабтка со Вас, Facebook корисничко име, Twitter и се што имате, користите а не е наведено на Вашата веб страна за да Ве најдат.

7. Направи блог за твојот бизнис

Оваа е една стратегија која ја започнаа малите бизниси, а големите веднаш ја прифатија откако сфатија дека е добра и дава резултати. Но, најчест проблем што се јавува кај претприемачите е за што да пишуваат. Можете да прочитате за 10 теми за кои можете да пишувате на Вашиот бизнис блог. Запомнете дека со блогот не е целта да направите моментална продажба туку едноставно градите содржина која има за цел да ја поддржи денешната и утрешната продажба.

8. Направи стратегија за присуство на социјални медиуми

Ова едноставно значи да одговорите на следниве прашања:

  • Кои социјални медиуми?
  • Како да бидам присутен?
  • Со што да бидам присутен?
  • Кој јазик да користам во комуникација?

9. Започни со имплементација на стратегија за присуство на социјални медиуми

Имате премногу отворени можности за користење на социјалните медиуми, само треба да направите добра стратегија и да започнете со имплементацијата на се она што е опфатено во стратегијата. Ништо нема да изгубите, само можете да добиете поен плус во очите на потенцијалните потрошувачи.

10. Биди присутен секаде каде што се присутни твоите потенцијални потрошувачи

Секој би се занимавал со маркетинг доколку знае точно каде се наоѓаат неговите потенцијални потрошувачи. Но, проблемот не е толку едноставен. Потребна е анализа и познавање на потенцијалните потрошувачи како би знаеле каде тие се присутни. На таков начин и Вие како претприемач и Вашиот бизнис ќе можете да бидете присутни таму, било лично или пак преку некое маркетинг средство.

11. Мери ги резултатите од секоја маркетинг активност

Кога станува збор за маркетинг, ова е неминовна активност за еден претприемач. Прашањето е како да се мери успешноста на една маркетинг активност. Постојат неколку работи кои и досега ги потенциравме на претприемач. Првин, потребно е уште при дизајнот на маркетинг активноста да размислите за тоа како ќе ја мерите успешноста на таа маркетинг активност. На пример, доколку користите весник да ставите попустен купон за секој кој ќе дојде да купи или пак нарача од Вас. Потоа секоја таква продажба да ја претворите во приход во пари. За на крај тој приход да го поделите со по трошокот за таа маркетинг активност. Искористи го маркетинг календарот како еден од 10-те бизнис темплејти на претприемач.

12. Користи ги резултатите од мерењето и подобри ја секоја маркетинг активност

Кога веќе ќе имаш одреден фактор на успешност за секоја маркетинг активност лесно ќе можеш да ги подредиш врз основа на успешноста. За сите оние маркетинг активности кои даваат добри резултати обиди се да ги подобриш и да дадат уште подобри резултати. Размисли за менување на боја на огласот која ќе привлече поголемо внимание, доколку користиш огласи во весници.

13. Елиминирај се од маркетинг календарот што во 2009 година има слаби резултати

Сите оние кои се најслаби исфрли ги од маркетинг календарот, а сите оние кои даваат добри резултати продолжи ги. За секоја маркетинг активност која ќе ја исфрлиш избери нова согласно маркетинг буџетот. Па, повторно продолжи со мерењето. Така постојано ќе го подобруваш маркетингот на твојот бизнис.

За користење на маркетинг календарот од 10-те бизнис темплејти можете да го погледнете видеото за маркетинг календар.

14. Комуницирај со потенцијалните потрошувачи и купувачи

Доколку комуникацијата се употреби како посебно маркетинг средство моќта на маркетингот за Вашиот бизнис навистина ќе биде на едно завидно ниво. Можете да користите различни „далечински“ маркетинг средства, но доколку не воспоставите ситем на вистинска комуникација во вистинско време, ефиксноста и ефективноста на Вашите напори ќе биде мала.

Комуникацијата може да бидне вербална и невербална комуникација, директна и индиректна, официјална и неофицијална, озбилна и смешна, онлајн и офлајн…

Се е тоа еден вид на комуникација која ја остварувате со надворешниот свет – Вашите потенцијални купувачи.

15. Анализирај преку интервјуа и прашалници

Анализирај преку интервјуа у прашалници – Но што да анализираме? Едноставно што е она што го сакаат Вашите тековни купувачи и потенцијални порошувачи, но и што е она што не го сакаат. На ваков начин ќе успеете да искористите неколку работи:

  • Ќе стекнете знаење што е тоа што го правите добро и заради што купувачите ве избираат Вас. Сето тоа може да биде елемент на идно подобрување како би ја задржале конкурентската предност во тие елементи.
  • Ќе стекнете знаење за она што не им се допаѓа на Вашите купувачи. Ова е простор на големи промени и подобрувања.
  • И едноставно интервјуто или пак прашалникот претставува еден вид на маркетинг средство кој во очите на купувачот ве претставува како некој кој се грижи за нивното мислење.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] дел од Маркетинг совети за 2010 на претприемач еден од советите беше: Биди еден чекор […]

Speak Your Mind

*