post

МАРКЕТИНГ СРЕДСТВА – ФАКТУРИ

Продолжуваме со седмото од над 100 маркетинг оружја кои ги ветивме на блогот на претприемач. Фактура како маркетинг средство или оружје. Дали е тоа можно? Да, секако. Се што може да се искористи како маркетинг средство треба навистина да се искористи. Вообичаено фактурата се користи за плаќање на продадените производи и/или услуги помеѓу правните субјекти (бизниси) или правен субјект и физичко лице. Врз основа на фактурата купувачот (бизнис или физичко лице) ви плаќа за купените производи и/или услуги. Значи фактурата е документ за плаќање која што претприемачот ја подготвува и издава. Значи основната цел на фактурите е прибирање на плаќања. Зошто да не се употреби како маркетинг средство кога целосната контрола во изготвувањето на фактурите е во рацете на претприемачот.

Invoice1 Малите бизниси немаат финансии да вложуваат огромни суми на пари во маркетингот. Така да претприемачите мора да бараат начини како се што може да се искористи во промоција на бизнисот да се искористи колку што може поефикасно и поефективно.

Креативноста за користење на фактурата како маркетинг средство потребно е да биде голема. Се е во рацете на претприемачот. Интересно е што овој вид на промоција е бесплатна за бизнисите. Па така неможе ништо да се изгуби. Што можете да постигнете со користење на фактурата како рекламно средство:

  • Дознавање за Вашиот бренд. Фактурата поминува низ повеќе раце во бизнисот за кој е наменета, од претприемачот до сметководството. Зошто луѓето да не разберат за Вашиот бренд.
  • Враќање на постоечки купувачи. Со додавање на една едноставна реченица со која ќе му овозможите попуст на купувачот доколку се врати во одреден рок ќе овозможите Враќање на постоечки потрошувачи. Оваа е дополнителна причина за тие да се вратат побргу за да купуваат.

Овие две придобивки не се мала работа за малите бизниси. Значи, со оваа маркетиншко средство (фактурата) ќе се добие дознавање и враќање (врзување) што е основа и на секоја пропаганда.

Начинот на изработка зависи од апликацијата која веќе ја користите за изготвување и печатење на фактурите. Веќе не се користат печатени меморандуми со Ваше лого туку фактурите се печатат на печатач преку Вашиот компјутер. Некои користат MS Word, некои MS Excel додека другите пак користат специјализирани софтвери за материјално и книговодствено работење кои имаат опција за печатење на фактурата. Во сите овие постои можност за персонализација на изгледот на фактурата. Така да согласно Вашата креативност во поглед на маркетингот ќе можете да ја искористите и фактурата. Фактурата може да биде во хартиена форма (печатена или добиена по факс) или елекронска форма (испраќање по е-mail).

Што треба да содржи во вид на маркетинг пораки фактурата? Освен оние клучните елементи што ја прават фактурата фактура (испраќач, примач, производи, количина цена, вкупен износ, рок на плаќање итн) како маркетинг порака може да се додаде било што што ќе предизвика враќање на Вашите купувачи. Како некои идеи за она како може фактурата да се искористи како маркетинг средство ви ги даваме следните препораки:

  • Обавезно ставете го идентитетот на Вашиот бизнис (име, лого и слоган)
  • Адресата и контакт телефони со дополнување на нешто како можете да бидете полесно пронајдени
  • Вашата веб адреса или адресата на блогот кај што ги имате презентирано Вашите производи и/или услуги
  • Маркетиншка порака во вид на:
    • Донесете ја фактурата при купување до тој и тој датум и ќе добиете 10% попуст
    • Донесете толку и толку пријатели за да добиете попуст во износ од некој процент
    • Промоција на некои производи и/или услуги кои се на промотивен попуст во одреден временски период
    • Промоција на нови производи и/или услуги на Вашиот бизнис
    • Промоција на нов бренд во Вашиот бизнис
    • Можете да ставите попустни картички
    • И се што ќе ви падне на ум а што ќе претставува добар маркетинг за Вашиот бизнис.

Од поголемите компании оваа маркетиншко средство се користи доста често. Погледнете ги фактурите за мобилен или фиксен телефон и ќе забележите дека секогаш оди и промоција на некоја нова услуга. Видете ги фактурите (извештаи) за Вашите кредитни картички од банките и секогаш ќе видите некоја промоција на нешто од задната страна. Во минатото за малите бизниси овој начин на рекламирање беше потежок бидејќи немало компјутери за да може да се персонализира фактурата. Сега се е едноставно и оставено единствено на креативноста и имагинацијата на претприемачот. Зошто да не се искористи!

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*