post

Маркетинг Средства 23 – Понуда од Аспект на Потрошувачите

Бизнис понудата мора да се базира на потрошувачите и пазарот, не на желбите на претприемачот. Ние можеме да сакаме било што, но тоа е различно од она што нашите тековни и потенцијални потрошувачи го сакаат. Поради тоа нашата понуда мора да биде базирана на желбата на нашите потрошувачи. Една важна работа е нашата понуда да ја содржи нашата супериорна вредност. Една од поголемите грешки на претприемачите и на бизнисите воопшто е да се фокусираат на нивните производи и услуги. Да, производите и услугите претставуваат дел од нашата понуда но не и наша севкупна понуда. Нашата севкупна понуда мора да содржи повеќе работи што всушност ќе претставува нашата супериорна вредност. Да видиме од кои компоненти е составена нашата севкупна понуда:

http://entrepreneurshipinabox.com/wp-content/uploads/Offer1.png
  • Производи и/или услуги. Првиот дел од нашата понуда се производите и услугите кои ги продаваме и производите и услугите кои ги даваме како бесплатни подароци или бонуси. Оваа е комбинација од две подкатегории. Првата се примарни производи и услуги кои ги продаваме и втората подкатегорија се секундарни производи и/или услуги како што се бесплатна испорака, гаранција, логистика, подршка итн. Се што е во директна врска со примарните производи кои бизнисот ги продава се во оваа подкатегорија.
  • Супериорна вредност. Ова е дополнителен дел на Вашата примарна понуда која ја прави разликата помеѓу Вашиот бизнис, производи и услуги од конкурентските бизниси, производи и услуги. Супериорната вредност е нешто што ќе ја подобри Вашата понуда во очите на Вашите тековни и потенцијални потрошувачи. Тие даваат пари за производите и услугите и сакаат и нормално е да сакаат да знаат која е вредноста на тие производи и услуги за нив.
  • Перспектива на потрошувачите. Последен дел се однесува директно на потрошувачите, или она што тие го сакаат. Им го кажуваме она што тие сакаат да го слушнат и да го знаат како што е вредноста што ќе ја добијат од нашите производи и услуги и проблемите кои што ќе ги решат со нашиот бизнис… Сите претходни компоненти мора да бидат базирани на оваа компонента бидејќи оваа компонента и најважната компонента на нашата понуда. Доколку понудата не е базирана на нивните потреби тогаш претходните две компоненти како производот и услугата и супериорната вредност нема да допре до нивниот купувачки интерес за нашиот бизнис.

Секој потрошувач ќе се запраша себеси 4 клучни прашања за производот или услугата од потрошувачка перспектива:

  • Што има тука за мене? За секој бизнис многу е важно што нивните потрошувачи сакаат или имаат потреба. Секој тековен или пак потенцијален потрошувач кога донесува одлука за купување си го поставува оваа прашање, и доколку пронајде нешто вредно или корисно во производот или услугата ќе донесе позитивна одлука. Вашата понуда мора да ги содржи најважните придобивки кои ќе ги добие потрошувачот кога ќе го купи Вашиот производ или услуга.
  • Кои придобивки ќе ги добијам во замена за парите? Ова е дополнително прашање кое пролетува низ главата на потрошувачот и е поврзано со парите кои ќе треба да ги потрошат за да ги почувствуваат придобивките од производот или услугата. Понудата треба да ја содржи вредноста во поглед на парите што тие ќе треба да ги потрошат.
  • Кои проблеми ќе ги решам? Ова прашање е поврзано со проблемите кои ќе ги решат со купување и користење на производот или услугата. Доколку проблемот е поголем, поголема ќе биде желбата за купување на тој производ кој го решава проблемот.
  • Дали мојот живот ќе биде подобар или поедноставен? Секој производ или услуга мора да има компонента на подобрување на животот на потрошувачот. Ова е едно од прашањата кои потрошувачот ќе се запраша при донесување на одлука за купување.

Размисли за сите 4 прашања, направи истражување на пазарот при што ќе ги добиеш некои од одговорите и вклучи ги во твојата понуда. Потоа. по подобрување на севкупната понуда Вие како претприемач ќе:

  • Имате секогаш одлична понуда за Вашите потрошувачи,
  • Познавате Вашите потрошувачи, и
  • Го развиете вашиот бизнис за иднината преку еден поглед од страна на потрошувачот.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. VANE SOKOLOVSKI says:

    sakav da go proceslam" sajtot t.e. site sodrzini sto gi imas postaveno, no pri sekoe ptvoranje na nekoja od kategoriite imam problem? Dali moze da e poradi nekogas slabata internet konekcija ili problemot e od Vasa" strana? Pozdrav

    (The page isn't redirecting properly,

    Firefox has detected that the server is redirecting the request for this address in a way that will never complete.

    * This problem can sometimes be caused by disabling or refusing to accept

    cookies.)

    Vo koja kategorijate se obraboteni MARKETING SREDSTVATA?

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Здраво Ване,
      Хостинг провајдерот овие денови вршеше надоградување на нивниот систем и очигледно нешто влијаело на оваа грешка. Сега мислам дека се исправени.

      За маркетинг средства можеш да пристапиш преку овој линк: http://www.pretpriemac.com/tag/marketing-sredstva

      Поздрав

Trackbacks

  1. […] го претставивме како дел од маркетинг средството понуда од аспект на потрошувачите и супериорната […]

  2. […] понуда која треба да предизвика моментална акција за […]

  3. […] одлука, но затоа отворивме теми од различни агли преку очите на еден иден купувач на една таква […]

Speak Your Mind

*