post

Маркетинг Средство – Piggy-Backing Маркетинг

Маркетинг средства

Маркетинг средства

Уште сме на offline маркетинг средства кои може да се користат од страна на малите бизнис. Сакам да завршам со овој тип на маркетинг средства за да се свртам целосно кон онлајн маркетинг средствата за кои имам премногу да пишувам. Оваа е малку понетрадиционално средство и не може да се најде во учебниците за маркетинг. Но, во пракса функционира и се користи максимално, а резултатите секогаш се одлични и можат да дводеат до неколкукратно па дури и троцифрено зголемување на продажбата.

Некои можат да кажат дека оваа маркетинг средство не е морално, но за мене сите средства кои не ги кршат локалните, националните и меѓународните закони, а носат успешност на бизнисот не се неморални. Неморални се за оние претприемачи кои не се креативни, а оние креативните претприемачи сигурно ќе го искористат и ќе излезат како победници.

Што е тоа Piggy-Backing Маркетинг?

Првин се трудев да го преведувам и навистина не знам да најдам соодветен преведен збор бидејќи преводот е многу смешен. Во бизнис поимникот на претприемач го додадов зборот и дадов кратко објаснување:

…оваа маркетинг стратегија е навистина моќна и ја користат и се користела од многу бизниси кои доживеале невиден успех. Оваа стратегија значи користење на партнер кој ќе му помогне на бизнисот да изгради кредибилитет и препознатливост на пазарот. Всушност, се е во привлекување на внимание. Вообичаено се најмува некој кој веќе има големо внимание како познати личности и тие се поврзуваат со вашиот бизнис и на таков начин преку нивното внимание Вашиот бизнис доживува брзо внимание од страна на пазарот.

Едноставно кажано оваа маркетинг средство значи привлекување на внимание и тоа со помош на некој кој веќе го има вниманието. Една од најважните работи на претприемачите е да привлечат колку што можат поголемо внимание. Па, и целта на маркетингот ни е да привлечеме внимание. Го истражуваме пазарот за да го пронајдеме однесувањето на целниот пазар или одредениот сегмент на пазарот за да понудиме нешто со што ќе им го привлечеме вниманието кон бизнисот. Правиме пропагандни пораки за да привлечеме внимание…

Едно е јасно, успешни бизниси и успешни претприемачи се оние кои успеат да привлечат внимание кон нив. А кога се привлече внимание успешноста е неминовна.

Примери на Piggy-Backing Маркетинг

Paris Hilton

Оваа убавица во последниве неколку години заработува милионски суми во долари се разбира само заради тоа што има привлечено огромно внимание. Особено во бизнис светот за оваа се полемизира за тоа во што е добра таа. Не знае да глуми, не знае да пее, не знае да свири никаков инструмент, не е спортистка или пак некој познат дизајнер. Единствено што знае е да привлече внимание и тоа и носи милионски суми на пари. Дали знаете дека таа заработува стотици илјади долари (американски се разбира) само да излезе еднаш во еден ноќен клуб? Да, претприемачот (сопственикот на клубот) и плаќа за да таа излезе една вечер само за да привлече внимание. Тие претприемачи знаат дека откако таа ќе се појави таму сите весници, неделници, трач рубрики, ТВ емисии ќе креват бука за тоа каде е видена со кого е видена што носела, што јадела, што пиела итн. И заради тоа сите други потрошувачи ќе излегуваат таму затоа што Paris излегува таму. Навистина креативно.

Madonna

Еден претприемач купува малопродажен бизнис за облека (бутик) кој е до гуша во долгови. Таа продавница била просечна која едвај скрпувала крај со крај. Но, за кратко време претприемачот ја претворил во една од најуспешните бутици. Со едноставно преуредување и привлекување на една пејачка која каде и да се појави околу неа се фотографи кои ја следат и по тоа сите пишуваат и зборуваат за тоа. Каде Madonna се облекува, односно каде купува облека. По не се појавуваат и други познати фаци, па потоа и продажбата на нормални (непознати) купувачи расте со експоненцијален раст. Тој претприемач на своја 25 годишна возраст има заработено над 7 милиони долари и отишол во пензија.

Мислам дека се доста овие два примери за да се свати суштината на оваа маркетинг стратегија или средство.

За крај само би напоменал дека оваа средство може да биде скапо или пак бесплатно. Скапо е кога специјално се прави договор со некоја ѕвезда. Но, доколку бизнисот со некој од претходните маркетинг средства како квалитет, потрошувачот во центарот на внимание итн. успее да привлече внимание на некоја ѕвезда секако дека ќе доведе до огромен успех.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*