post

Меѓународен маркетинг во секторот на услуги

Маркетинг Во развиените земји, 2/3 од националниот приход оди на услугите, а со тоа расте и бројот на луѓе кои работат во тој сектор. Развојот на услугите овозможува да се подобрат перформансите во работењето и во другите сектори. Па одредени услуги интензивно се развиваат во склад со потребите на пазарот. Пример: Со подобрување на транспортните услуги во една држава, доаѓа до зголемување на профитите и на другите компании кои таму работат, бидејќи им се намалуваат транспортните трошоци.

Постојат повеќе причини за поголемо растење на услужниот сектор, а ние ќе анализираме само неколку од нив.

Поради големата индустријализација е дојдено до промена на стилот на живеење на луѓето скоро во секоја држава, а со тоа се менува и слободното време со кое поединецот располага. Причина за растење на услужните дејности е релативно добрата економскa состојба во одредени земји. Се поголем број луѓе сакаат да се забавуваат, уживаат, патуваат, школуваат, а со тоа се зголемува и бројот на потребните услугите.

Доаѓа до драстично зголемување на градовите, што предизвикува потреба за опслужување на голем број на население, што подразбира обезбедување на храна, вода, транспорт, училишта, болници, чистење на улици. Населението старее, па се јавува потреба за домашни посети, медицински неги, лекови, чистење по домовите, отварање на домови за стари лица…

Се е поголем бројот на самци, а се зголемува и бројот на разводи, па во голем број на случаи еден родител чува деца, па секогаш има потреба околу исхраната, чувањето на деца и слично. Се поголем е бројот на технолошки нови производи, мобилни, компјутери, интернет, за чие користење и одржување е потребно да постојат сервисни услуги.

Понатаму, постои потреба за банкарските услуги (трансфер на пари помеѓу одделни држави и слично), сметководство… и фактички постојат уште безброј други услуги.

Секојдневно се воведуваат нови услуги. За одредени услуги потребно е да постои висока школска спрема. Пример: Лекарски услуги, банкарски услуги, софтверски услуги… За некои услуги тоа не е неопходно. Пример: Одржување на хигиена, перење коли…

Висината на школската спрема не е врзана со висината на остварените приходи. Подеднакво можат да заработуваат лекари, адвокати или механичари. Со вршење на одредени услуги вработениот може да се обогати, додека со одредени услуги само се преживува. Што поголем број на очи и уши следат одредена услуга, тогаш заработката е поголема.

Прочуени пеачи, глумци, лекари, адвокати, златари, сликари, секако дека натпросечно заработуваат во секоја држава. Некаде вршењето на услугата е поврзано со поседување на одреден апарат или алат, а некаде не е. Поголема е заработка доколку се користат специјализирани машини и алати.

Најголем проблем за луѓето кои пружаат услуги, е тоа што таа услуга мораат сами да ја сработат. Еден забар не може лесно да ги префрли своите клиенти на својот помошник, еден фризер лесно не препушта клиенти, бидејќи може да ги загуби. Одредени корисници на услугите се екстра задоволни од извршената услуга, па не сакаат таа услуга да им ја врши некој друг.

Луѓето кои пружаат услуги, реално се плашат дека нивните вработени, кога ќе го изучат занаетот, ќе им ги превземат корисниците на одредените услуги. Поради овие причини, како и поради желбата повеќе да се заработи, се повеќе сервисните услуги од поединечно работење, преминуваат во компанииско работење. Па компаниите организираат: обезбедување банкарски услуги, обезбедување имоти и лица, одржување хигиена, сервисни услуги, раководење со школи, универзитети, болници.

Производните компании се почесто ги користат услугите на овие специјализирани услужни компании, бидејќи не мораат самостојно да организираат работење, да водат сметка за вработените и нивни потреби. Пример: Акција на Усје, е насочена кон отпуштање на вработени од доменот на услугите како: обезбедување, сервис и одржување на хигиена, а за тие потреби се ангажират надворешни услужни компании. Со овие активности компанијата штеди значителни финансиски средства, а од друга страна се концентрираат на реализирање на своето примарно производство, односно производство на цемент. Но, остануваат негативните чувства врзани за судбината на голем број на отпуштени работници.

Во домашни услови услужниот сектор е главно мал и разновиден за да може да се унифицира одредено однесување. Одредени луѓе сметаат дека маркетингот им е непотребен, други намаат доволно пари да платат за маркетинг истражувања или за маркетинг совети, а одредени луѓе немаат доволно знаење за маркетинг активностите. Не може да се очекува од еден механичар или лекар да ги познаваат сите алатки од маркетингот. Секако дека тие имаат одредени знаења, но тие знаења најчесто не се доволни. Бидејќи и тука конкуренцијата е јака, потребата за маркетинг активностите е неспорна.

Пример: Додека траеше експанзијата на купување и преуредување на куќи во приморските краишта (авторот го има почувствувано ова), имаше големо побарување за работници и тие вложуваа мал напор во маркетинг активностите, евентуално фалење од “човек на човек”. Но, бидејќи светската економска криза ги намали инвестиционите фондови, голем број на мајстори се најдоа во “чудо”, а останаа да работат само оние мајстори кои дел од своите активности ги насочија кон маретингот.

За да не се дојде во слична позиција, ние препорачуваме во слободното време да се посетуват одредени курсеви со кои би се надополниле знаењата од областа на маркетингот, менаџментот, финансиите, сметководството… што би го подобрило работењето на луѓето кои се занимават со услужните дејности, подобро и полесно да се справуваат со работните обврски. Големиот број на маркетинг принципи можат да се прилагодат за потребата на услужниот сектор, па можат успешно да се применуваат. Согледувајќи ги овие потреби, се почесто се формираат компании специјализирани за давање маркетинг услуги на поединци и компании кои се бават со услуги, во соогласност со нивните потреби, како и можностите за плаќање за да го подобрат давањето на услуги, односно работењето во своите домени и да остварат профит. Секако дека секторот на услугите во меѓународни рамки е голем, па во самите услужни компании се вработуваат специјалисти, кои овозможуваат правилно работење на компаниите што нудат услуги во светските рамки.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*