post

Станав Менаџер и Сега Што?

Оваа е еден од почестите проблеми кој се јавува кај луѓето при напредување во кариерата. Секој сака да напредува за да стане некој менаџер. Нормално, во некои нормални услови напредувањето се одвива постепено: прволиниски, среден и на крај врвен менаџер. Но, понекогаш може и да се случи и да се рипне по некое скалило, што сметам дека не е пожелно.

Она што сакам да го истакнам со овој напис е дека напредувањето треба да се разграничи уште кај оној кој станува менаџер. Основното разграничување кое треба да се направи е:

  • Потребни вештини за понатаму
  • Потребни активности за понатаму.

Разграничувањето се однесува за тоа да се “заборави” досегашната работа и да се започне со една сосема друга работа која се нарекува менаџмент.

Кога велам да се заборави не мислам на комплетно бришење од меморија, туку едноставно досегашното знаење за новата работа нем да биде толку потребно.

Вештини

Вештините претставуваат дел од трет слој за успех на еден претприемач. Тука веќе опфативме повеќе детали за вештините.

Менаџерите треба да располагаат со три типа на вештини:

  • технички
  • концепциски и
  • хуманитарни.

Техничките вештини се оние вештини кои ни овозможуваат да ја извршуваме досегашната работа. На пример, еден програмер во IT компанија има програмерски вештини.

Концепциските вештини се веќе нешто друго. Еден човек со технички вештини е вешт да работи нешто со своите раце и нормално од неговите раце да зависи само неговата работа. Концепциските вештини пак значат вештини при кои одредени акции на работно место каде што се надмоќни овие вештини предизвикуваат последици и на други работни места. Ова значи дека концепциските вештини претставуваат вештини за да се гледа бизнис целината.

Хуманитарни вештини се вештини за работа со луѓе. Секое рботно место е поврзано со работење со други луѓе. Интеракција, комуникација, групи, одделенија, колеги… Сето тоа се секојдневни зборови во еден бизнис свет за еден вработен.

Хуманитарните вештини мора секој да ги има. Концепциските вештини се најпотребни за менаџерските нивоа. Колку е повисоко менаџерското ниво во хиерархијата на бизнисот, толку поголеми концепциски вештини се потребни за претприемачот. Додека техничките вештини се најпотребни за прволиниското ниво и секако најниското ниво во бизнисот.

Значи, кога напредувате во кариерата (добивате менаџерска позиција) не можете да останете само со истите вештини во Вашата секојдневна работа. Ова значи дека ќе треба:

  • Дел од техничките вештини да ги оставите настрана,
  • Тој дел од техничките вештини да го надополните со концепциски вештини.

Активности

Мислам дека веќе е јасно дека освен вештините треба да се остават на страна и досегашните активности и однесување во работата.

Вештината не постои сама за себе туку таа вештина се користи во секојдневните активности. На пример, програмерот со програмерски вештини, нормално е да програмира и само програмира доколку е на почетното скалило од хиерархијата на бизнисот.

Кога тој програмер ќе стане раководител (менаџер), дури и прволиниски менаџер, веќе основната активност нема да му биде програмирање туку менаџирање (управување).

Ова значи дека веќе кога ќе станете менаџери ќе ви бидат потребни повеќе концепциски вештини и вашите задачи ќе бидат да:

  • Планирате
  • Организирате
  • Раководите
  • Мотивирате
  • Екипирате и
  • Контролирате.

Ова се основните функции на менаџментот. Значи сега веќе ќе ги планирате активностите на службата која ја водите, при тоа ќе ги организирате, раководите и мотивирате вработените во таа служба. Од друга страна ќе размислувате и за екипирање на службата со квалитетни вработени. И секако на крајот ќе ја контролирате работата на сите вработени во таа служба.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*