post

Методи за истражување на пазарот

Истражување на пазарот претставува една од поважните активности на претприемачот во водење на бизнисот. Но, секое истражување на пазарот користи одредени методи на истражување, што всушност претставува начин на прибирање на информации или податоци.

Методи за истражување на пазарот

Се чини дека 80% од едно истражување на пазарот претставува прибирање на валидни информации за пазарот. Додека 20% се однесуваат на самата анализа и интерпретација на тие соберени информации. Ова е 80/20 правило. Бидејќи пазарот е сочинет од потрошувачите и конкуренцијата затоа и потребните информации ќе се однесуваат за нив.

Едно нешто сакам да напоменам пред да започнам со 6-те најкористени методи кои можете да ги користите за истражување на пазарот. Најважен извор на информации претставуваат потрошувачите. Зошто? Затоа што методите наведени подолу нема да ги користите со конкурентите, туку едноставно преку потрошувачите ќе се обидете да ги најдете информациите за конкурентите кои ќе ви помогнат за спроведување на истражување на пазарот.

Потребно е и да внимавате да не се преоптеретите со информации па да го усложните истражувањето.

6 Методи за истражување на пазарот

1. Анкети

Една од најкористените методи за истражување на пазарот и едно најсилните оружја што ги има еден претприемач претставуваат анкетите. Анкетите се најкористени бидејќи најлесно се спроведуваат и наједноставно се прибираат информациите кои сепак пристигаат во една форма која е лесна за анализа. Секако доколку се дизајнираат на вистинскиот начин. Анкетите можат да бидат во следен вид:

  • Анкети во хартиена форма
  • Телефонски анкети
  • Анкети по пошта
  • Онлајн анкети

Процесот на спроведување на анкетата може да се одвива на следниот начин:

  • Подготовка на прашањата во анкетата
  • Избор на начин на распространување на анкетата
  • Распространување на анкетата
  • Прибирање и анализа на податоците.

2. Интревју

Вториот метод кој на еден претприемач му стои на располагање претставува интервју. Ова едноставно значи состанување со избраните луѓе кои ќе ги интервјуирате и поставување н прашања кои ќе бидат од Ваш интерес за истражување на пазарот. Интервјуте е потешко во однос на анкетите и секако ќе бара повеќе време за спроведување. Како недостаток исто така може да се смета и ограничен број на луѓе кои може да интервјуираат. Интервјуата врз основа на тоа како ќе ги спроведувате може да бидат:

  • Лице во лице интервју
  • Телефонско интервју
  • Онлајн интервју (Skype)

Процесот на спроведување на интервјуирање може да се одвива на следниот начин:

  • Избор на група на луѓе кои ќе ги интервјуирате
  • Контактирање на тие луѓе и закажување на интервјуто
  • Подготовка на прашања
  • Спроведување на интервјуто
  • Анализа на собраните информации.

3. Набљудување

Добрата стара и сеуште применлива и ефикасна техника за спроведување на истражување на пазарот претставува набљудување. Ова значи дека претприемачот ќе набљудува одредена состојба и ќе ги бележи тековите на активности и однесувањата на актерите во таа состојба. На пример, еден начин на оваа истражување на пазарот за еден малопродажен бизнис е да го набљудува малопродажниот бизнис на конкуренцијата. Па во таков случај ќе бележи колку луѓе влегуваат, колку од нив купуваат, кој е профилот на тие луѓе итн.

Процесот на спроведување на набљудување може да се одвива на следниот начин:

  • Избор на предмет на набљудување
  • Избор на активности и однесувања кои ќе се набљудуваат
  • Спроведување на набљудувањето
  • Обработка и анализа на прибраните информации.

4. Проба и грешки

Оваа е една метода која не се применува многу, а сепак може да ни даде корисна информација. Оваа метода може да се спроведе и на случајна основа на пример ќе спроведеме нешто ново и едноставно гледаме какви резултати постигнуваме со тоа ново. Ако е ОК, тогаш го оставаме да функционира, а ако не е ОК го подобруваме тоа ново. На ваков начин можеме во голема мерка да извлечеме информации за пазарот. Ќе знаеме што сака пазарот, што не сака, како се однесува, како да влијаеме на него итн.

Сепак некои грешки кои може да бидат кобни за бизнисот треба да се избегнат особено овие 12 грешки при започнување на бизнисот.

5. Фокусни групи

Фокусна група како една од методи за истражување на пазарот претставува доста специфична метода и можеби една под поскапи методи бидејќи е потребна и техника за снимање и посебна просторија за спроведување на сесијата на фокусна група. Всушност ова метода за истражување на пазарот се базира на тоа да модерторот на групата користи специјално подготвени прашања кои имаат за цел да поттикнат дискусија во самата група. Вообичаено една сесија на фокусна група трае до два до три часа и потребно е да се спроведат неколку сесии по можност со различни членови за да се добијат поквалитетни резултати.

Процесот на спроведување на оваа метода може да се одвива на следниот начин:

  • Избор на членови на фокусна група
  • Подготовка на прашања
  • Спроведување на сесии и снимање на дискусии
  • Анализа на прибраните информации

6. Вработени

И секако иако последни во оваа листа, но не и помалку важни од останатите претставуваат вработените, особено продажниот тим на Вашиот бизнис. Тие се оние кои се во секојдневен контакт со потрошувачите и тие се оние кои секојдневно комуницираат со нив. Неколку прашања на кои тие можат да добијат одговор навистина ќе ви донесат квалитетни информации од пазарот.

Една општа анализа на пазарот минатата година спроведовме и ја објавивме на претприемач. Може да ја прочитате во серијалот од 5 дела за општа анализа на пазарот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. ova e dobro za pomaganje pri rabota

  2. VANE SOKOLOVSKI says

    Најважен извор на информации претставуваат потрошувачите.
    Eve kako dopolnuvanje na prethgodniot moj komentar, istoto ova go primeniv na dvapati dosega vo razmak od nekolku meseci(period na najcesto snabduvanje i period na zatisje so ponuda na pecurki na pazarot) i stvarno e taka. tOA PALI I TOA KAKO!!!

    • Д-р Драган Шутевски says

      Во секој случај Ване потрошувачите можат да ни ги дадат најдобрите информации. Едноставно само треба да ги прашаме што сакаат и какви им се потребите.

Speak Your Mind

*