post

Надминување на кризи во фазата лудување

Фаза лудување Фазата лудување од животни циклуси на бизниси носи нови предизвици, но и нови многу големи опасности за бизнисот. Високата самодоверба за досегашниот успех и чувството на стабилност како и отворање на вратите за повеќе кредитни линии го тераат претприемачот да почне да лудува.

Но, тоа лудување може да биде негативно за бизнисот. Може да не се почувствуваат веднаш негативните ефекти, што е уште пострашно, но истите да бидат вкоренети во самиот бизнис и да го дестабилизираат во иден период.

Како да се надминат овие кризи во овој период од развојот на бизнисот?

Целта е бизнисот да се однесе во наредната фаза – озбилност која во исто време претставува и фаза во која бизнисот ги забележува најдобрите резултати. Основните совети за надминување на оваа фаза би биле:

  • Задржување на посветеноста на тековниот бизнис. Сеуште бизнисот не стои цврсто на сопствените нозе, сеуште е потребна посветеност и внимание токму на тој бизнис. Затоа сеуште не е време за други потфати.
  • Постоење на свесноста дека лесно може да се вратат во претходната фаза. Претприемачот мора да биде свесен дека лесно можат болестите во тековната фаза да го вратат бизнисот во некоја од претходните фази или уште полошо до целосна пропаст на истиот.
  • Воздржување од претерано трошење на финансиите во непотребни инвестиции. Иако финансиите изгледаат доста стабилни, сепак развојот на самиот бизнис не е до тој степен за да може да се трошат надвор од развојните активности на бизнисот.
  • Следење на финансиите. Недостаток на финансии ќе значи и крај за бизнисот или неговиот развој. Мора многу “паметно” да се одигра во оваа фаза кога станува збор за финансиите.
  • Следење на надворешните влијанија. Надворешноста секогаш влијаела и ќе влијае на еден бизнис, особено во оваа фаза таа надворешност ќе има голема моќ да влијае врз бизнисот. Мора да се следат случувањата како бизнисот соодветно би реагирал и би се прилагодил на истите.
  • Следење на внатрешните притисоци. Освен надворешните притисоци, ќе има и внатрешни притисоци од страна на самиот бизнис. Повеќе промени ќе бараат повеќе прилагодувања, мачни ситуации за вработените, контрола на финансиите, планирања, мерење…
  • ПРОМЕНИ, ПРОМЕНИ И САМО ПРОМЕНИ.
  • МЕНАЏМЕНТ, МЕНАЏМЕНТ И САМО МЕНАЏМЕНТ.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*