status

Национален Get In The Ring (GITR) натпревар за инвестиција до €1.000.000

Национален Get In The Ring (GITR) натпревар за инвестиција до €1.000.000

Get In The Ring

Драги старт-ап компании и претприемачи,

Со големо задоволство ви го претставуваме националниот Get In The Ring (GITR) натпревар. Не пропуштајте ја оваа исклучителна можност, пријавете се и учествувајте во трката за инвестиција до €1.000.000. Националниот Get In The Ring натпревар ќе се одржи на 8.10.2014 (среда), а крајниот рок за пријавување на старт-ап компаниите е 20.9.2014. Пријавувањето се врши директно на страната на GITR:

http://getinthering.co/apply-here/

Право на учество имаат сите претприемачи и старт-ап компании кои не се постари од 5 години, имаат иновативна бизнис идеја и/или модел кој има голем потенцијал за раст и каде инвестицијата која ја бараат е до €1.000.000. Услов е нивниот претставник одлично да го говори англискиот јазик. Од пријавените кандидати, стручното жири ќе ги избере најдобрите 8 кои ќе се натпреваруваат на националниот GITR натпревар.

Награди за националниот победник:

  • Промоција на македонскиот победник на Get In The Ring
  • Пласман на регионалното финале за Источна Европа кое ќе се случува во Софија
  • Equidam Startup Valuaton Report
  • Catalyst (бесплатна инфраструктура и поддршка) – SoftLayer старт-ап инкубатор (во вредност од $12.000)
  • Регионална промоција на бизнисот и продуктот
  • Можност за освојување до €1.000.000 инвестиции во бизнисот на финалето и освојување на титулата Олимписки првак на Get In The Ring 2014

Формат на натпреварот

Избраните 8 тимови на учесници ќе бидат повикани на подготвителен настан на кој нашите експерти и партнери ќе ги обучуваат како да ги истакнат своите квалитети и како успешно да се промовираат пред борд на инвеститори.

На денот на натпреварот ќе бидат формирани 4 двојки кои меѓусебно ќе се натпреваруваат во „битки“ составени од по 5 рунди, на следните теми: „За тимот“; „Достигнувања“; „Бизнис модел и пазар“; „Финансии и предлог за инвестициите“ и „Слободен стил“. По завршувањето на рундите, жирито има 5 минути за поставување на прашања на секој од кандидатите, по што го избира победникот на битката. Севкупниот победник е наш претставник за регионалниот GITR натпревар за Источна Европа.

GET IN THE RING е иницијатива поттикната од Еразмус центарот за претприемаштво при Универзитетот во Ротердам, Холандија. Овој натпревар, кој оваа година се одржува по трет пат, веќе има 64 земји учеснички, со што преминува во олимписки игри за старт-ап компании. За разлика од класичните настапи пред инвеститорите, овој иновативен концепт на еден-на-еден битки во рингот, мошне ефективно ги прикажува клучните информации и потенцијалот на секоја од презентираните бизнис идеи.

Повеќе детали за натпреварот можете да пронајдете на:

За дополнителни прашања, ве молиме обратете се на info@ncdiel.mk или 02 3099 482

Со почит,
Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*