post

Најдоброто на претприемач во 2010 година

Претприемач - Најдоброто во 2010

Претприемач - Најдоброто во 2010

За некој ден завршува и оваа 2010 година која ќе ја паметиме по добри работи, а ќе се обидеме да ја заборавиме по сите лоши работи. Како и минатата година, така и оваа би сакал да ја завршам со серијал на постови за најдоброто на претприемач и воедно да ги презентирам некои досегашни постигнувања и секако планови за развој на овој блог за 2011 година.

Оваа година има вкупно 307 постови на претприемач од различни теми кои ја опфаќаат оваа проблематика. Некои се информативни, но поголемиот дел, поточно над 90% се од делот на извор на знаење за претприемачи – целта за која е и направен овој сајт.

И оваа година над 90% од насловите се моја сопствена креација, а за сите гостински постови им се заблагодарувам на сите кои дадоа придонес во збогатување на оваа содржина.

Кога станува збор за овој веб сајт сепак би сакал да се пофалам дека е избран како еден од 10 најдобри веб сајтови за 2010 во категоријата „најдобри веб од Ex U” на VIDI Top 100 награди (Националните хрватски награди кои се одржуваат веќе 12-тата година, а се доделуваат на најдоброто од информатичката технологија во претходната година. Ова година за првпат е вклучена категоријата за веб проекти од поранешните југословенски републики. Интересно е што во оваа категорија се номинирани 51 веб сајтови при што избрани се 10 најдобри меѓу кои 4 се од Македонија како и победникот – IT.com.mk. Браво за Македонија и честитки за победникот, мислам дека е заслужено.

Претприемач меѓу 10 најдобри EXU

Претприемач меѓу 10 најдобри EXU

Со задоцнување, но сепак го пуштивме и премиум материјалот на претприемач кој е причина зошто имав малку видео материјали на блогот. Премиум претприемач е 54 неделен програм за започнување или развивање на бизнис од страна на еден потенцијален или иден претприемач.

При крај сме со подготовките на SEOLabs на претприемач кој всушност ќе биде еден спој на блог и онлајн консултант за секој кој на некој начин сака да го промовира сопствениот бизнис пред глобалната публика користејќи го интернетот. Овој материјал е дизајниран во повеќе нивоа на членства од Free до Premium.

Во делот на премиум обуки за 2011 подготвуваме и неколку кратки неделни обуки за специфични проблематики од областа на претприемништвото.

И секако 2011 ќе биде година со неколку крупни промени на овој блог. Првин дизајнот кој во целост ќе биде сменет и на кој во моментов се работи, па затоа првите денови од новата 2011 година ќе бидеме Under Construction. Потоа содржината на билтените ќе биде целосно променета со неколку нови публикации и ориентираност повеќе на теми за претприемништво. За секој месец ќе се обработува по една тема. И уште некои функционалности кои ги имам замислено, а кои се надевам дека ќе ги остварам и практично со цел за збогатување на содржината и взаемната соработка.

Во следните неколку денови ќе имате можност да видите серија на постови, избор на најдоброто на претприемач. Постовите ќе бидат групирани по теми и тоа:

Како што ќе ги објавувам постовите, така и ќе ги ажурирам линковите во оваа листа од овој серијал.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Во категоријата претприемач веќе има над 180 постови во вид на различни совети за претприемачите вооднос на водење на бизнисот. Ова е првата тема од серијалот Најдоброто на претприемач за 2010 година. […]

  2. […] план претставува третата тема од серијалот најдоброто на претприемач во 2010. Овие постови можете да ги искористите како […]

  3. […] тема од серијалот најдоброто на претприемач за 2010 година е маркетинг. Маркетингот е најзастапената тема […]

  4. […] тема од серијалот најдоброто на претприемач за 2010 година претставува менаџмент – нешто без што не може […]

  5. […] маркетинг претставува 6-тата тема од серијалот најдоброто на претприемач во 2010. Со неколку серијали во однос на блогирање, […]

Напиши одговор на Бизнис план: Најдоброто на претприемач во 2010 — Претприемач Откажи одговор

*